Македонија

Поповска: Уставниот суд мора да го поништи Вториот протокол, оти ни наложува преку „Бугари во Устав“ бугаризација и себеукинување како народ и држава со идентитет, континуитет и историја!

„Вториот протокол ни наложува бугаризација на Македонците и себеукинување како народ и држава со свој идентитет, континуитет и историја. А бугаризацијата треба да започне со навидум, безопасно внесување на Бугарите во Уставот и усогласување на целото важечко законодавство со измените. Вистински преседан е, еден подзаконски акт, па уште и незаконски донесен и правно невалиден, да наметнува измена на преамбулата на Уставот и на целото важечко законодавство. Со сево ова, протоколот задира во темелните вредности на нашиот уставен поредок. Протоколот е непремостлива пречка за евроинтеграцијата, со оглед на апсурдноста на обврските и невозможноста тие да бидат исполнети од страна на Македонија како самостојна и суверена држава. Важно е да се утврди официјално ништовноста на документот и неговата неодржливост како елемент во преговарачката рамка и во придружните документи. “ – нагласува Лилјана Поповска во својата колумна со наслов „Протоколот е отров, неговото уставно поништување – противотров“, која ја објави „Плус инфо“.

Натаму Поповска истакнува: Помина речиси една година откако ја поднесов Уставната иницијатива за поништување на Вториот протокол од меѓувладината комисија меѓу Македонија и Бугарија, во јули 2025, поради непочитување на 3 члена од Уставот, 14 члена од Законот за преговори, потпишување и ратификација на меѓународни договори, како и 2 члена од Законот за надворешни работи. Уставниот суд реагираше брзо и по еден месец донесе Одлука да ја разгледа иницијативата, уважувајќи ги поднесените аргументи. Тоа значи дека задолжил свој член да направи анализа и да изготви реферат, по што се закажува седница на која се повикува подносителот на иницијативата. Оттогаш, на дневен ред дојдоа многу предмети поднесени подоцна. Не знам дали и зошто е замрзнат процесот во Уставен суд. Овој процес е клучен за македонската евроинтеграција, затоа што Протоколот е нејзин директен блокатор. Имено, протоколот содржи такви непринципиелни и небулозни барања, кои е невозможно да ги исполниме, зашто наложуваат бугаризација на Македонците и себеукинување како народ и држава со свој идентитет, континуитет и историја. А бугаризацијата треба да започне со навидум, безопасно внесување на Бугарите во Уставот и усогласување на целото важечко законодавство со измените. Вистински преседан е, еден подзаконски акт, па уште и незаконски донесен и правно невалиден, да наметнува измена на преамбулата на Уставот и на целото важечко законодавство. Со сево ова, протоколот задира во темелните вредности на нашиот уставен поредок.

Откочувањето на евроинтеграцијата е во рацете на Уставниот суд. Протоколот е отров, а неговото поништување од Уставен суд е ефикасен противотров на тој дефектен записник од меѓувладина комисија, нератификуван во Собрание и необјавен во Службен весник. Правно, тој е нон-пејпер што лажно циркулира како да е важечки документ, та дури е вграден и во македонскиот евроинтегративен пакет! Македонија е на потег да го извади дефектниот дел од европската преговарачка рамка и да остане здравиот дел, базиран на европските принципи и Копенхашките критериуми. Поправката на преговарачката рамка може да се изведе само со правни средства.

 

Со одлука за поништување на Вториот протокол од страна на Уставниот суд, ќе се создаде нова ПРАВНА ситуација, која ќе создаде и нова ПОЛИТИЧКА ситуација. Позитивна за Македонија, секако. Веќе самата уставна иницијатива и прифаќањето од страна на Уставниот суд, донесе НОВИ ОКОЛНОСТИ, кои внимателно се следат во европските институции. Затоа и специјалниот известувач за Македонија, Томас Вајц, во март 2026 поднесе амандман на извештајот, со кој се бара мислење од Правната служба на Советот на Европската Унија за статусот на Вториот протокол во преговарачката рамка. Притоа, во објаснувачкиот документ се посочува на актуелната уставна иницијатива и контроверзите што го следат овој документ, во поглед на отстапувања од европското право и критериумите од Копенхаген, преку внесување идентитетски барања за редефинирање на македонскиот народ, јазик и историја како бугарски.

Токму тој амандман ми беше поттик и јас да се обратам до Европскиот парламент со отворено писмо, како поранешна политичарка и силен застапник за евроинтеграција на Македонија, за да го дообјаснам проблемот со фамозниот протокол и невозможноста на негова примена (април 2026). Следеше писмо на СИТЕ бугарски европратеници од СИТЕ партии, во одбрана на Вториот протокол и легитимноста на бугарските ставови и барања, испратено до нивните колеги. Во овој период се силно мобилизирани и Македонците кои живеат во Германија, па и тие испратија дописи до европските, но и до врвните германски институции. Навистина импонираат аналитички извонредно елаборираните текстови на Советот на Македонците и на истакнатиот активист Гоце Перовски. Низ Европскиот парламент и Европската комисија овие неколку месеци циркулираат повеќе документи, некои потпишани, некои нон-пејпери, околу евроинтегративниот процес на Македонија и барањата и условувањата од Бугарија. Некои имав можност да ги прочитам и независно од позициите што ги застапуваат, сите документи во своите анализи и сценарија што ги предлагаат го земаат предвид тајмингот на постапките: дали ќе се случи ПРВО поништувањето на протоколот од македонскиот Уставен суд, или мислењето од Советот на ЕУ. Зашто едното го диктира и влијае на другото. Ова им е совршено јасно на Европејците и на Бугарите, но не знам дали им е јасно на сите кај нас, во Македонија?

Повторно се враќам на Уставниот суд. Не ми е познато, но ако некој барал политички причини за одложување, водејќи се од надворешни фактори кои би можеле евентуално да му наштетат на македонскиот евроинтегративен пат (ако може нешто уште поштетно од самиот протокол да се случи), ни тоа не држи вода. Ако се чекале изборите во Бугарија, па се избегнувало ние да бидеме главна тема што ќе зоврива нови страсти, еве поминаа. Политички за нас ништо ново, освен уште појака позиција на бугарскиот врв и внатре и надвор во светот. Ако се чекал извештајот од Европската комисија за нашите реформи, еве и тој помина, имаме одлични најави за успешно завршени реформски чекори што ќе бидат наградени со солидни европски средства. Што уште ќе чекаме, спремни со кубурата на готовс, „ако дојде најлошото“…? Да не дозволиме да стоиме во место, зашто тлото под нозе ни е, сепак, ровко. Еве зошто. Однадвор, еднолична мантра без разбирање, зашто така им чини и им е најлесно. Во време на војни, кога геостратегијата е се, Бугарија, распослана покрај Црното Море, доби на тежина. Одвнатре, нелогична лобистичка офанзива во полза на Бугарија од дел од опозицијата, која никако да разграничи Влада и држава. Првото е менливо, второто трајно. Дополнителен „колорит“ во нашава мешаница додаваат неочекувани расцепи внатре во тимот што бил компактен, па се длаби во секоја изјава и гест, се оценуваат зборови, запирки и нијанси.

Најголем број сакаме во ЕУ како најдобра и најлогична опција од географска, економска, културолошка, до геостратешка, поради внатрешни и надворешни потреби. Тогаш, да си го завршиме она што е во наши раце, односно во рацете на нашиот Уставен суд. Со прогласување на записникот-протокол за правно невалиден, ќе ни се отвори нова страница за разговори и со Бугарија и со ЕУ. Ако некој заборавил, еве да го потсетам на седумте сериозни правни прекршувања од протоколот: 1) не е почитувана процедурата за негово договарање, усвојување од страна на Владата и потпишување; 2) не е ратификуван во македонското Собрание; 3) не е објавен во „Службен весник“; 4) нема соодветна форма и содржина; 5) излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден (1) член од Договор помеѓу две земји, но и надвор од потпишаниот договор меѓу двете земји и од конвенциите на Обединетите нации; 6) произведува масивни штетни дејствија врз идентитетски прашања за македонскиот народ, јазик и држава и на македонската држава и задава обврски кои водат кон идентитетски инженеринг и денационализација; 7) претставува непремостлива пречка за нормално функционирање и стратешко меѓународно позиционирање на македонската држава, зашто е вграден во евроинтеграцискиот пакет.

Сево ова правно ги дисквалификува и Протоколот и упатувањето на него во преговарачката рамка. Јасно е дека Протоколот е непремостлива пречка за евроинтеграцијата, со оглед на апсурдноста на обврските и невозможноста тие да бидат исполнети од страна на Македонија како самостојна и суверена држава. Важно е да се утврди официјално ништовноста на документот и неговата неодржливост како елемент во преговарачката рамка и во придружните документи. И правно и политички, постојат повеќе начини за разрешница на овој Гордиев јазол, базирани на меѓународното право и европските принципи, кои подразбираат заемно почитување, недискриминација и слобода за самоидентификување – заклучува Лилјана Поповска во војата колумна.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Кацаров е привремено решение, следната недела ќе се избира директор на Универзална сала!

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор. Миро Кацаров таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за „Курир“ изјави: „Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните.“

Galaxy S26 – телефон кој ги презема задачите за кои досега ви беше потребен лаптоп

Работниот ден одамна се пресели од канцеларијата во движење, каде што телефонот сè почесто станува првата алатка за е-пошта, белешки, измени и брзи одлуки.
Затоа се менува и неговата улога: од екран за проверка на информации до алатка за конкретна работа.

(Фото): Емина Јаховиќ направи спектакл во Скопје – прошета низ цела сала и се поклони на публиката

Кулминација на концертот беше кога почна да раскажува анегдота како ја добила песната „Дал она зна“, а публиката почна да пее на цел глас на првите отсвирени ноти, дури и пред самата Емина да запее.

Мицкоски: Раководството на СДСМ нека продолжи да коленичи кај што коленичи, а ние сме насочени на многу посуштинското – реформите, одошто „Бугари во Устав“’!

Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи – истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево.

Тошковски за моторџиите, кои лудуваат на едно тркало: Ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат моторџии!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и строги мерки против моторџии кои, како што рече, дивеат низ градовите и не ги почитуваат сообраќајните правила. Тој направи разлика меѓу, како што ги нарече, „вистински моторџии“ и оние кои „глумат моторџии“.

ЗНАМ: Дали СДСМ не ги застапува македонските национални интереси и води бугарољубиви политики, затоа што Филипче и Заев имаат фирми во Петрич, во Бугарија?!

Дали е точен фактот дека Венко Филипче ја поседува фирмата во POWER i8 Ltd., ЕИК 207164506, регистрирана во Петрич, со дејност поврзана со недвижности? Дали семејството Заеви е поврзано со фирмата GOMASIDRA Ltd., ЕИК 204619751, исто така регистрирана во Петрич? Дали на истата адреса во Петрич, ул. „Гоце Делчев“ бр. 12, се регистрирани и други компании поврзани со лица блиски до Заеви? Дали постоењето и работењето на овие фирми се основната причина за ваквите бугарофилски политики на СДСМ?! Раководството на СДСМ води политика што создава сомнеж во јавноста дали воопшто партијата ги застапува македонските национални интереси или работи во полза на туѓи агенди и погледи! – реагира партијата ЗНАМ преку својот Центар за комуникации и аналитика на ЗНАМ.

Најнови вести

To top