Бизнис

Засилени контроли во маркетите, ако има раст на маржите ќе се преземат мерки

Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека сега нема девијантно однесување од трговците со зголемување на маржите, а цените на храната растат, бидејќи производите ги увезуваме. И покрај тоа што по 1 мај требаше да бидат донесени мерки за спречување на растот на цените на прехранбените производи, тоа сè уште е во потготовка. Барем за сега, состојбата е стабилизирана.

Државниот пазарен инспекторат од 10-ти до 20 мај спроведува контроли во сите ланци маркети. Ако утврди дека има зголемувања на маржите, ќе бидат преземени соодветни мерки, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што рече Дурмиши, 30 тимови се на терен, а неофицијално, од информациите по првите четири дена од почетокот на надзорите, забележано е одредено поевтинување кај овошјето и зеленчукот. Засега, рече министерот, нема основа да се реагира во однос на цените на прехранбените производи. Ситуацијата се следи и доколку се процени дека има потреба, ќе се дејствува. Можно е една од мерките да биде намалување на ДДВ за прехранбените производи.

Дурмиши потенцира дека ограничување на цените се прави само кога ќе се констатира дека трговците ја имаат зголемено маржата. Минатиот месец, според него, имаше зголемување на цените на прехранбените производи, но и намалување на маржата од страна на трговците за околу еден процент.

  • Немаме основа по која би постапиле. Ќе ја анализираме ситуацијата до крајот на месецов. Може да го намалиме ДДВ за прехранбените производи. Како што реагиравме во делот на горивата, така може да реагираме и во овој сегмент. Нашите контроли се вршат врз маржите што ги ставаат производителите, трговците и дистрибутерите. Ако видиме дека во вакви услови на криза и неизвесност, се однесуваат девијантно и ги зголемуваат маржите, ќе реагираме со соодветни мерки, како што реагиравме минатиот пат, со административните мерки кои ни се на располагање, истакна министерот, додавајќи дека ДПИ на 20 мај ќе ја достави информацијата од надзорите до Министерството.

Тој потенцира дека Министерството континуирано ја следи состојбата и ќе продолжи со спроведување мерки за стабилизирање на цените и заштита на стандардот на граѓаните. Македонија, додаде, е увозно зависна, особено во делот на прехранбените производи, а тоа подразбира дека цените ги диктираат тие земји, од каде што увезуваме.

  • Цената на прехранбените производи кои се увозни не ја одредуваме ние, ниту нашите трговци, туку тие земји. Ние контролираме дали е зголемена маржата. Имаме можност, во рамки на Законот, да постапуваме со механизмите кои ни се на располагање ако се зголемува маржата кај производителите, трговците и дистрибутерите, подвлече Дурмиши и потсети дека досега се изречени казни. 

Во однос на инфлацијата, рече дека не е проблем само кај нас, туку и во земјите од Европа.

  • Во Романија инфлацијата е 9 отсто, во Бугарија 6,2, во Хрватска 4,6 проценти. Инфлацијата е зголемена, но така е и во други земји. Кај нас инфлацијата е до пет отсто, но, се справуваме и реагираме соодветно. Во таа насока е и денеска објавената мерка за кофинансирање на занаетчиите, малите и средните претпријатија, за зголемување на нивната продуктивност и произвостдво, рече министерот.

Најнови вести од: Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи

Според министерката стабилност на јавните финансии и поттикнување на економскиот раст се основата на која ја темели економската политика што ја креира и спроведува Владата, а ефектите се гледаат и во економските показатели

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра

Управителот на „TESSA Energy“ вели дека ова е само првата фаза, а веќе во втората фаза се планира нова инвестиција од 10 милиони евра, а целта е да се создаде современ енергетски центар

„Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ за Македонија

Во најновиот извештај „Фич“ констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година, поттикнат од силните резултати во градежништвото и преработувачката индустрија

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Присуството во Хјустон беше можност Грин Машинс да ги претстави своите целосно електрични решенија за урбано чистење пред американската професионална јавност

Е-фактурата носи ново ниво на дигитализација и поголема правна сигурност за компаниите

Електронската фактура претставува една од најзначајните дигитални реформи што ја спроведува Управата за јавни приходи. Нејзината цел не е само да ја замени хартиената фактура со електронска, туку да воспостави целосно нов модел на дигитална комуникација помеѓу компаниите и даночната администрација. Со оваа реформа создаваме побрзи процеси, поголема правна сигурност, подобра даночна усогласеност и значително помал административен товар за компаниите.

Дурмиши: Владата го штити стандардот, инфлацијата падна на 2,6 проценти

Министерот за економија Бесар Дурмиши, одговарајќи на пратеничко прашање од Јованка Тренчевска (СДСМ), истакна дека Владата презема активни мерки за заштита на животниот стандард, што резултираше со намалување на инфлацијата на 2,6%.

Тренчевска со критика до власта дека седела во удобни фотелји и не преземала ништо

Тренчевска побара од министерот Дурмиши да предложи конкретни мерки до Владата за намалување на трошоците за граѓаните, меѓу кои и намалување на ДДВ-то за дериватите, како и финансиска поддршка за најранливите категории.

To top