Македонија

Ѓорѓиевски: Кацаров е привремено решение, следната недела ќе се избира директор на Универзална сала!

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор. Миро Кацаров таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за „Курир“ изјави: „Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните.“

„-Ние сме демократско општество и треба секогаш да го земеме предвид мислењето на граѓаните. Апсолутно јас секогаш застанувам на местото на граѓаните. Кога станува збор за тоа кадровско решение, јас морам да истакнам во јавноста, лицето Миро Кацаров е вработен во таа институција со години наназад. На директорот кој претходно беше на таа позиција, му заврши мандатот и ние моравме да ставиме таму вршител на должност директор. Лице кое ќе ја извршува должноста додека да спроведеме нов оглас. Зошто? Затоа што првиот оглас пропадна таму. Ние имавме еден оглас таму кој го спроведовме, дали немаше доволно интерес во јавноста, можеби и недоволно јавен беше процесот, но доведе до тоа да пропадне огласот и не можев јас таа институција да ја оставам вработените да немаат плата.“ – рече Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на македонската метропола.

Најнови вести од: Македонија

Повелете, неписмен бугарски публикуме – Адвокатка ги демаскира бугарските напади врз македонскиот капитен

Македонскиот капитен го повтори тоа што преходно во Софија го стори претседателката Сиљановска-Давкова која одби да одговара на бугарски јазик и зборуваше на англиски јазик

Колариќ: На седницата на Советот на Кисела Вода навреди, провокации и закани од Петар Здравевски од Левица!

Советот на Општина Кисела Вода денеска работел под притисок и, како што тврди претседателката на Советот Светлана Колариќ, „во услови на провокации и недолично однесување од страна на советникот Петар Здравевски од Левица“.

To top