Македонија

Македонија попросперитетна од Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ, според Атлантскиот совет

Од земјите во опкружувањето пред Македонија се Словенија, Грција и Хрватска, најпросперитетна меѓу 164 земји е Норвешка

Македонија е на 52. место во конкуренција на 164 земји опфатени со рангирањето за 2026 година според индексот на просперитет што го изработува и објавува Атлантскиот совет.

Од земјите во опкружувањето пред Македонија се само Словенија на 10. место, Грција на 33. и Хрватска на 36., а помалку просперитетни се Црна Гора на 53. место, Бугарија на 54., Србија на 57., Албанија на 64. и Босна и Херцеговина на 87.

Покрај Словенија, во топ-10 се најдоа и лидерот Норвешка, како и Исланд, Данска, Шведска, Ирска, Швајцарија, Белгија, Финска и Холандија по тој редослед.

Фактори земени предвид во изработката на индексот на просперитет се: приход, здравство, образование, еднаквост, околина и благосостојба на малцинствата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски-Гутереш: Oдлична соработка меѓу ОН и Македонија

Како што соопшти канцеларијата на гн-секот на ОН, била истакната одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија, разговарале и за европските интеграции, регионалната соработка и поддршката на мултилатерализмот.

Влегуваме во нова ера на „посебно партнерство“ со Македонија – Алсубуси во интервју за Радио Лидер

Емиратите се сериозно заинтересирани за инвестиции во земјава – во фокусот се инфраструктурата, енергетиката, земјоделството и туризмот, а Сеопфатниот договор за економско партнерство треба да отвори нови можности за трговија и капитал

To top