Бизнис

Можно ли е во Македонија да влезе нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“?!

Барањето на Рајанер е 25 евра субвенција по седиште, што е повеќе од 2,5 пати за скопскиот аеродром. Барањето е приоритетно да се опслужуваат дневните авиони. Барањето е да не се користат никакви услуги на скопскиот и охридскиот аеродром.

Министерот за транспорт Александар Николоски даде детали од разговорите со нискобуџетната авиокомпанија Рајанер за влез на пазарот во Македонија. Николоски изјави дека барањата на компанијата не се вклопуваат во нашиот пазар, односно дека компанијата има невозможни барања.

  • „Ќе бидам директен. Не мислам дека тоа е добро за македонскиот пазар, бидејќи условите што ги поставуваат се невозможни. Во моментов даваме субвенции од 9 евра за Аеродромот во Скопје и 12 евра за Аеродромот во Охрид, што се меѓу највисоките субвенции што може да се најдат во регионот, и неслучајно се отворени 28 нови авиолинии за помалку од 2 години од изборот на оваа влада. Барањата на „Ryanair“ се 25 евра субвенција по седиште, што е повеќе од 2,5 пати за Аеродромот во Скопје. Барањето е нивните авиони да се опслужуваат со приоритет“, вели Николоски.

Барањето на Рајанер е 25 евра субвенција по седиште, што е повеќе од 2,5 пати за скопскиот аеродром. Барањето е приоритетно да се опслужуваат дневните авиони. Барањето е да не се користат никакви услуги на скопскиот и охридскиот аеродром.

Дури и скали сопствени имаат во рамки на авионите. Барањето е да ги откажеме дел од дестинациите коишто сега ги работат други авиокомпании. Мислам дека тоа е уценувачки пристап. Не знам дали пратите, најголемиот удар во авиоиндустријата се случува токму од нив, целосно ја затворија сопствената база во Солун, со што солунскиот аеродром е пред колапс. Ја затворија сопствената база во Виена и во овој период на криза на Блискиот Исток, тоа е компанија со најмногу откажани летови.

  • За разлика од авиокомпаниите кои што се кај нас, тоа се стабилни компании. Од нискобуџетните ги имаме Виз Ер и Изи Џет, се работи за компании коишто дури и во криза растат. Виз Ер веќе ќе го донесе седмиот авион на скопскиот аеродром, го користат скопскиот аеродром како база, а веќе почнуваат да прават база и на охридскиот аеродром“, вели Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

Прво пенливо вино од линијата „Луда Мара“ на „Тиквеш“: Од Тиквешијата, создадено за светската сцена

Винарската визба „Тиквеш“ го лансираше на пазарот Luda Mara Sparkling – првото пенливо вино во линијата Luda Mara. Неговиот современ визуелен идентитет е креиран во соработка со реномираното шпанско дизајнерско студио Girafa, со цел автентичното потекло на виното да биде претставено преку препознатлив дизајн со кој може рамноправно да застане на винските полици на развиените светски пазари. Од „Тиквеш“ посочуваат дека новото пенливо вино е пример како локалното потекло и традиционалното винарско знаење можат да се поврзат со современите светски трендови, при што очекуваат значителен интерес кај потрошувачите.

Хуманоста како традиција: „АЛКАЛОИД“ со нова донација за здравјето на најмладите

Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина

To top