Бизнис

(Фото): Горивата поскапеа, но што велат експертите – Има ли оптимизам за стабилизација?!

Минатата недела Народна банка ја ревидираше проекцијата за инфлација на 4%, наместо претходно очекуваните 2,5%. И послабиот економски раст е резултат на поскапите енергенси. Овие бројки се темелат на оптимистичко сценарио дека војната ќе заврши брзо и нафтата до крајот на годинава ќе се продава по 80 долари за барел.

Од полноќ повисоки цени на бензините и дизелот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Бензинот БС-95 се зголемува за 2 денари, а цените на бензинот БС-98 и на дизелот се зголемуваат за 2,50 денари. Нафтените деривати во просек поскапуваат за 1,84%.

Попустот кој ОКТА им го даде на бензиските од 2 денари за горивата и 3 за дизелот, од утре веќе не важи. Тоа значи дека граѓаните  ќе точат за 5,5 денари поскап дизел  и за 4 до 4,5 поскап бензини.

И покрај новата повисока цена на горивата, на македонските бензински пумпи и натаму ќе се точи најевтиното гориво во регионот. По вонредната седница на Владата, премиерот оцени дека државата успешно се справува со најголемата енергетска криза.

Доколу цените на нафтата продолжат да растат и се одрзат врз поскапи цени и кај нас, од владата најавија дека е можно намалување на ДДВ кај храната од 5 на нула отсто. Проценките ќе се прават врз основа на анализите на Државниот инспекторат, кои ќе завршат за 2 дена.

Ако цените на нафтата продолжат да растат и се одрзат врз поскапи цени и кај нас, од владата најавија дека е можно намалување на ДДВ кај храната од 5 на нула отсто. Проценките ќе се прават врз основа на анализите на Државниот инспекторат, кои ќе завршат за 2 дена.

Паралелно, Владата одлучи да ги продолжи мерките за намалени акцизи за дериватите и стапката на ДДВ од 10%, за бензините до 1-ви јуни. Ваквата одлука освен стабилни цени, ќе обезбеди зачувување на животниот стандард.

И експертската фела е загрижена за состојбата на Блискиот Исток. Професорот Арбен Халили вели дека мора да сме подготвени на се.

Минатата недела Народна банка ја ревидираше проекцијата за инфлација на 4%, наместо претходно очекуваните 2,5%. И послабиот економски раст е резултат на поскапите енергенси. Овие бројки се темелат на оптимистичко сценарио дека војната ќе заврши брзо и нафтата до крајот на годинава ќе се продава по 80 долари за барел.

Европските берзански индекси забележуваат негативни резултати. Цената на нафтата од типот Брент се искачи на повеќе од 110 долари за барел, што претставува зголемување од 1,90%.

Најнови вести од: Бизнис

В среда продолжува Комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година

За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти. За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, што е зголемување за 4,1 проценти, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии или раст за 4,8 проценти во согласност со законското усогласување.

АЕТМ: Половина од онлајн купувачите во Македонија плаќаат исклучиво во готовина при достава

Новата Анализа на плаќањето при достава и дигиталните плаќања во е-трговијата во Македонија за 2026, спроведена од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија со поддршка на Visa и презентирана на деветтата Регионална конференција за е-трговија во Скопје, открива значителен јаз меѓу пристапот до платежни инструменти и нивната реална употреба.

Првата аукција на 30 ноември – Народна банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“

Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.

MTEL им подарува SkyShowtime на корисниците – повеќе филмови, серии и забава

Од 16 ноември, корисниците што ќе склучат договор за mSAT, MOVE, mBOX или mCONNECT ќе добијат ваучер за пристап до SkyShowtime Standard пакетот без дополнителен надомест во текот на промотивниот период. Така ќе можат да уживаат во широк избор меѓународни филмови и ТВ содржини.

Коњановски: Декарбонизација не значи деиндустријализација

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните

To top