Македонија

„Апсолутна провокација“: Џамбаски за реакцијата во Македонија за „северномакедонски“ од Петрова-Чамова

Бившиот бугарски европратеник ја опиша како „искомплексирана и кловновска“ реакцијата од Муцунски

Поранешниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски, кој се „прослави“ во Европскиот парламент со испружената десна рака налик на нацистичкиот поздрав, ја изнавреди Македонија за реакцијата по недипломатската изјава на новата шефица на бугарската дипломатија Велислава Петрова-Чамова, која го употреби изразот „северномакедонски партнери“.

„Тоа е апсолутна провокација. Тие не можат да си дозволат сличен тон кон другите земји, но го прават тоа кон Бугарија“, изјави Џамбаски во емисијата „Во фокусот“.

Во овој контекст потпретседателот на ВМРО-БНД на ексминистерот за одбрана Красимир Каракачанов ја опиша реакцијата од македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски како „искомплексирана и кловновска“.

Тој го искритикува Скопје и за неисполнувањето на т.н. Француски предлог, кој ја уредува преговарачката рамка за Европската Унија.

„Три години нема вистински напредок. Ова е провокација не само кон Бугарија, туку и кон целата Европска Унија“, рече тој, одбивајќи го обвинувањето од Македонија за билатерализација на процесот на пристапување кон ЕУ. „Скопје треба да разговара со Брисел, а не со Софија. Тие ветија конкретни реформи – мора да ги спроведат“.

 

Најнови вести од: Македонија

Вреди: Правосудниот и сите професионални испити ќе се полагаат на албански јазик

„На протестот, без ни малку срам, се појавија и двајцата главни виновници што правосудниот испит не се одржува на албански јазик: Муса Џафери и Блерим Беџети. Токму тие што денес се обидуваат да ја разгорат оваа тема, ја користеа власта за лично богатење во периодот кога проблемот требаше да биде решен“, рече Дурмиши.

To top