Македонија

Мемов: Дали бизнисот на Филипче во Бугарија е причина за инсистирањето на уставни измени?

Дали бизнис интересите што ги има заедно со семејството Заеви се причината за неговото инсистирање по секоја цена да се направат уставни измени под бугарски диктат, праша портпаролот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов.

facebook.com/nikola.memov.2025

Дали бизнис интересите што ги има заедно со семејството Заеви се причината за неговото инсистирање по секоја цена да се направат уставни измени под бугарски диктат, праша портпаролот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, е наведен како „едноличен сопственик на капиталот“ и како „управител“ на компанијата „ПАУЪР АЈ8“ ЕООД во Петрич, Бугарија, каде што регистрирана е и компанија на Вице Заев, рече Мемов на денешната прес-конференција.

„Денес повторно се обраќаме до Венко Филипче и до раководството на СДСМ за прашање од врвен национален и државен интерес, кое ја засега суштината на нашата демократија, транспарентноста на политичкото дејствување и заштитата на македонските национални интереси“, истакна Мемов.

Тој посочи дека Движењето ЗНАМ во изминатиот период со факти и документи ја отворило дилемата за поврзаноста на бизнис интересите на раководството на СДСМ во Бугарија и нивните политики кон соседната држава. Наместо одговори, како што рече, добиле само обиди за релативизација и молк.

Според официјалните податоци од Трговскиот регистар на Република Бугарија, Венко Филипче е единствен сопственик и управител на компанијата „ПАУЪР АЈ8“ ЕООД, со седиште во Петрич, на булевар Гоце Делчев бр. 12. На истата адреса е регистрирана и компанијата „ГОМАСИДРА“ ЕООД, во сопственост на Вице Заев.

Мемов објави дел од документите и постави неколку директни прашања до Филипче:

  • Дали е точно дека е сопственик на компанијата „ПАУЪР АЈ8“ ЕООД во Петрич?
  • Со какви дејности се занимава компанијата и колкав капитал и имот поседува во Бугарија?
  • Дали овие бизнис интереси, кои очигледно ги има заедно со семејството Заеви, се причината за неговото инсистирање за уставни измени под бугарски диктат?
  • Дали кога ги застапува своите политички ставови за уставните измени и односите со Бугарија, се води од обврските од Уставот или неговите позиции се условени од грижата за личниот имот и капитал во Петрич?

Мемов го повика Филипче да излезе пред граѓаните и да даде јасни одговори, нагласувајќи дека македонскиот народ заслужува транспарентност и дека Македонија не смее да биде заложник на лични и деловни интереси.

Најнови вести од: Македонија

ДС со апел: Владата да не подлегнува на притисоци, уцени и радикални барања

Особено загрижувачки е фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните земји, Косово и Албанија, што претставува неприфатлив обид за вршење надворешно влијание врз внатрешно-политичките и институционалните работи на Република Македонија

МВР апелира: Навремено подигнувајте ги готовите лични документи

Процесот на издавање лични документи во управните служби на Министерството за внатрешни работи е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термини за фотографирање, минимално време на чекање пред шалтерите и експресно изготвување на документите во законскиот рок, а честопати и порано.

To top