Македонија Бизнис

„Македонско најдобро“ – кампања за зголемeно домашно производство

Во рамки на кампањата е активирана и дигиталната платформа www.makedonskonajdobro.mk, која нуди интерактивна мапа „Каде да купам“ за полесно пронаоѓање на најблиските продажни места со македонски производи.

„Македонско најдобро“ е новата кампања преку која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се обиде да го зајакне и зголеми производството на домашни земјоделски производи, да ја подигне свеста за квалитетот и автентичноста на овие производи и да обезбеди полесен пристап на граѓаните до овие производи. Кампањата започнува со видео запис којшто денеска беше промовиран од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

  • Овој видео запис не е само реклама, туку вистинска приказана за нашата земј, а за вредните раце на нашите земјоделци и преработувачи и за богатата традиција која со љубов ја негуваме. Низ секоја сцена од златните полиња до трпезата прикажано е нашето домашно. Кампањата „Македонско најдобро“ ќе биде препознатлива по специфично лого кое преку Сонцето и почвата не потсетува дека ги имаме сите предуслови за да имаме домашни квалитетни земјоделски производи, рече Трипуновски.

Додаде дека кога се избира домашен производ, не се избира само храна или продукт, туку директно се инвестира во домашната економија и во отворањето на нови работни места. Во рамки на кампањата ќе бидат претставени активности и алатки за полесен пристап до домашните земјоделски производи. Кампањата ќе биде присутна преку сите релевантни канали како билборди, постери, флаери и преку социјални медиуми.

Изработена е и дигитална платформа Македонсконајдобро.мк на која сите македонски змејоделци, македонски задруги, преработувачи и продажни центри ќе можат да се регистрираат и секој еден граѓанин ќе може лесно да го пронајде и да се информира за домашните производи.

  • Оваа платформа е дизајнирана како централно место за поддршка и промоција на домашното производство овозможувајќи три основни типа на регистрација. Првата регистрација е за земјоделците каде ќе можат лесно да ги прикачат и промовираат своите земјоделски производи. Втората регистрација е за преработувачите каде ќе можат да ги претстават своите автентични македонски преработки. Третата регистрација е за продажните центри каде ќе ги регистрираат своите геолокации на продажни места низ нашата држава со што македонските производи ќе станат повидливи за потрошувачите, појасни Трипуновски.

Платформата ќе има и мапа преку која секој граѓанин ќе може многу лесно да најде каде да ги купи производите што му се потребни, односно преку автоматска геолокација, платформата ќе ги прикаже најблиските продажни места каде ќе може да се набават домашните земјоделски производи. Има и опција за филтрирање по категорија или специфичен производ преку кои секој граѓанин ќе може на брз начин да дојде до посакуваниот производ.

Во скоро време, како што најави Трипуновски, ќе биде ставена во функција и посебна мобилна апликација, преку која граѓаните ќе може лесно да ги пронајдат и да се информираат за домашните земјоделски производи и преработки од нив.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Вчера Македонија под удар на исклучително силни оркански ветрови: Во Штип со брзина до 134 километри на час!

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, вчера на 21 јули 2026 регистрираше исклучително силни удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности.

Над 82.000 реакции за реформата на европските правила за тутунски производи

Повеќе од 82.000 одговори од 138 земји беа доставени во јавната консултација на Европската комисија за ревизија на Директивата за тутунски производи, што ја потврдува чувствителноста и значењето на ова прашање за граѓаните, експертите, бизнис-заедницата и организациите кои работат во областа на јавното здравје и регулативата

Оценка на Рокас дека Македонија покажува капацитет за реформи: На државата се гледа како на идна членка на ЕУ!

Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија Михалис Рокас, денеска порача дека „ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на С.Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата“.

Мицкоски: Потврда од Брисел дека сме први во спроведување на реформите, продолжуваме со несмалена динамика

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал состанок преку интернет со директорот на Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија Герт Јан Копман: се разговарало за законите и реформските чекори, што треба да ги преземе Република Македонија до декември годинава во рамките на евроинтеграцискиот процес.

Претседателките на Македонија и Индија на свечено откривање спомен биста на Махатма Ганди

Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Индија

To top