Седум противпожарни возила и 23 пожарникари интервенираа во пожар што избувна вчера, во периодот помеѓу 17:20 и 20:20 часот, а кој зафати куќи во населбата Бит-пазар – поточно на улицата „Никола Мартиновски“, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Обемот на материјалната штета сè уште не е утврден, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар остануваат на лице место“, наведоа од ЦУК.
Синоќа, Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје доби пријава за пожар во неколку куќи во Бит-пазар. „На 9 ноември 2026 година, во 17:25 часот, во СВР Скопје е пријавен пожар на улицата ‚Никола Мартиновски‘ во Скопје. Веднаш по пријавата, полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар – во состав на СВР Скопје – излегоа на лице место и констатираа дека гори куќа. Пожарот беше ставен под контрола од страна на Противпожарната бригада. Нема повредени лица, а не се зафатени ниту други објекти. Се преземаат мерки за утврдување на причините и расчистување на околностите на настанот“, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Пожар во магацин кај Бит Пазар – шест противпожарни возила на терен