Собранискиот спикер Африм Гаши вели дека партиите на Албанците во Македонија ги прифаќаат уставните измени, но истовремено се солидаризираат со Македонците и не сакаат да му наштетат на нивниот идентитет, кој е најмногу засегнат со нив.
„Сите албански политички партии, и во власта, и во опозиција, се склони да го прифатат процесот и да продолжат понатаму, да ги направиме уставните измени и да се продолжи тој пат“, но „Албанците сакаат да се солидаризираат и не сакаат тој проблем да стане меѓуетнички, па ние да не застанеме во одбрана на овој идентитет, затоа што потоа тоа би ги нарушило меѓуетничките односи, со тоа би направиле уште поголема штета од самото заостанување во европскиот процес на интеграција“, објасни Гаши во интервју за „360 степени“ на Македонската телевизија.
„Затоа, мислам дека ние постапуваме правилно, а треба како држава, која е без дамки врз идентитетот или без чувство на поразеност, треба сите заедно како граѓани и како држава да чекориме кон Европската Унија“, нагласи тој.