Бизнис

Николоски: Одлична вест за македонските транспортери

Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи

Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.

„Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.
Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи.
Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во Јануари годинава.
Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат.
Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи“- објави вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

Нови 735.000 евра од унгарскиот кредит ставени на располагање на домашните компании

Нови 735.000 евра се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции коишто ги реализираат домашните компании, информираа од Министерството за финансии.

Европската бизнис-асоцијација ги поврза студентите со бизнис-приказните – Глобална недела на претприемништвото

Студенти од економските факултети при УКИМ, УГД и ЈИЕУ имаа можност да разговараат со претставници на компании од различни сектори за препознавањето на потребите на пазарот, започнувањето сопствен бизнис и вештините потребни за негов развој.

(Фото): Николоски во Виена повика на регионална соработка и поврзување

Зборувајќи на панел дискусијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” вицепремиерот Николоски потенцира дека е потребен заеднички пристап на земјите од регионот за претставување на глобалниот пазар.

To top