Во Македонија се плаќа најниска просечна станарина за еднособен стан во Европа од 265 евра месечно, покажува истражувањето на вебстраницата GeoMapped, со кое се опфатени 36 европски држави.
Босна и Херцеговина е втора на оваа листа со 325 евра, третото место го делат Украина и Белорусија со по 375 евра, Турција е петта со 440 евра, а во топ-10 европски земји со најевтина наемнина на станови со една спална соба се уште Романија со 550 евра, Србија и Молдавија со по 600, Бугарија со 665 и Хрватска со 670 евра.
Од државите во регионот киријата за еднособен стан во Грција е 780 евра, а во Словенија просекот е 1.047 евра.
Најскапи станарини на стариот континент има Швајцарија, кадешто наем на еднособен апартман месечно во просек чини 2.570 евра. Следуваат Ирска со 2.100 евра, Данска со 1.820, Норвешка со 1.750, Шведска со 1.350, Холандија со 1.200, Велика Британија со 1.100, Австрија со 1.090, Белгија со 1.075 итн.