Македонија

Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетски прашања

Македонија има претрпено многу промени на својот Устав на патот кон ЕУ, но спорни или наликуваат на уставен инженеринг се оние кои се иницирани однадвор

Македонија има претрпено многу промени на својот Устав на патот кон ЕУ, но спорни или наликуваат на уставен инженеринг се оние кои се иницирани однадвор, како тие од што призлегоа од Рамковниот договор, потоа и од Преспанскиот, за кои не убедуваа дека се последни. Сега повторно се бара од нас промена на Уставот за вметнување на Бугарите во Уставот, за да ги почнеме преговорите. Нашето соломонско решение е доколку ги направиме измените и тие навистина бидат последни, да стапат на сила откако ќе ги завршиме преговорите. Ние не бегаме од вето, но тоа да биде врзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетски прашања, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која денеска одржа предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“.

Ова се се случува, рече таа, иако по распадот на Југославија, Македонија и Словенија од Бадентeровата комисија беа оценети како земји кои уставно ги исполнуваат условите да бидат признаени од, тогаш, Европската заедница.

Таа смета дека и покрај тоа што Бугарите не се споменати во Уставот, тој им ги гарантира истите права на оние кои веќе се споменати во него.

-Исто така треба да се спомене дека Бугарија во својот Устав нема посебен член кој ги гарантира правата на малцинствата во земјата и оти има и голем број пресуди од Судот за човекови права во Стразбур во однос на одредени права на Македонците, кои таа односно нејзините судови не ги почитуваат.

-Ние како држава имаме поголеми гаранции за малцинските права отколку што имаат многу земји членки на ЕУ, рече Сиљановска-Давкова, додавајќи дека процесот на пристапување не смее да биде билатерализиран особено не за идентитетски прашања.

Како едно од можните креативни решенија за ова прашање, додаде, е можноста да се искористи и правото 1/3 од земјите да побараат од Европскиот совет одземање на правото на глас на нејзина земја членка доколку таа ги прекрши принципите на Унијата.

Пo предавањето претседателката се сретна со Македонци кои се универзитетски професори.

Мскедонската претседателка е во официјална посета на Словенија. Таа вчера се сретна со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар, која ја пречека со високи државни почести.

По средбата, Сиљановска-Давкова имаше и работен ручек со претседателот на Државниот збор на Словенија, Зоран Стевановиќ.

Во рамки на посетата, претседателката положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните, а ги посети и Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, како и македонски иселеници и претставници на македонските културни друштва во Словенија.

Сиљановска-Давкова оствари средби и со членови на Македонско-словенечкиот бизнис-клуб, а во Крањ го посети Македонското културно друштво.

Најнови вести од: Македонија

Лефков: Зошто Советот на јавни обвинители молчи за прекинот на случајот „Мазут“, еден од најголемите енергетски скандали во историјата на Македонија?!

„Не беа доволни извештаите на ДЗР, не беа доволни докази од МВР, не беше доволно тоа што се труеше народот, но доволно беше за Коларевиќ и Абази, некој од врхушките на СДС и ДУИ, да им соопшти дека треба да се прекине со обвинителската постапка.“ – посочи пратеникот Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста.

ДС со апел: Владата да не подлегнува на притисоци, уцени и радикални барања

Особено загрижувачки е фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните земји, Косово и Албанија, што претставува неприфатлив обид за вршење надворешно влијание врз внатрешно-политичките и институционалните работи на Република Македонија

Најнови вести

To top