Македонија

Кастеланета: Западен Балкан не може да биде изоставен од интеграцијата во ЕУ, во спротивно постои опасност од надворешни влијанија

Западен Балкан не може да биде изоставен од интеграцијата во Европската унија. Земјите чекаат на интеграција од 2003 година, порача генералниот секретар на Јадранско-јонската иницијатива, амбасадорот Џовани Кастеланета на денешниот форум за Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот Регион (ЕУСАИР) што се одржува во Скопје. – Проширувањето е инвестиција во иднината на Европа. Доколку ги одложуваме ваквите активности ќе треба да се плати цена односно постои ризик од потпаѓање на надворешни влијанија. Токму затоа се обидуваме да воспоставиме процес кој ќе овозможи предвидливи активности. Пред неколку дена имавме средба во Братислава каде се потврди важноста на проширувањето и се утврди дека треба да се преземат постепени мерки за интегрирање на Западен Балкан во Европската унија, рече Кастеланета.

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски со порака дека проширувањето на ЕУ е геостратешки приоритет што е од суштинско значење за регионот. Ние, рече Муцунски, сакаме процес на пристапување заснован врз основа на заслуги истовремено извршувајќи усогласување со европските стандарди.

Осврнувајќи се на нашето претседателство со ЕУСАИР кое сега преминува во рацете на Италија, Муцунски рече дека земјава и понатаму ќе го поддржува овој процес и активно ќе учествува во него. На почетокот на нашето претседателство се обврзавме на многу јасна визија – да ја зајакнеме регионалната обединетост со перспектива кон европската иднина. Сега може да се види дека ова било преточено во значаен напредок. Ова нема да биде само платформа за дијалог, туку и момент на реализација. Во изминатата деценија работвме заеднички да ја зајакнеме соработката како двигател на евроинтеграциите. Ставивме особено силен акцент врз неевропските земји од нашиот регион кои се блиски до Европската унија со активна поддршка од земјите членки во рамки на ЕУСАИР. Сето тоа е преточено во Скопската декларација и тие обврски се сведошства за нашите заложби, рече Муцунски.

Според вицепремиерoт и министер за европски прашања Беким Сали, проширувањето на Европската Унија останува стратешка инвестиција за мирот, стабилноста и просперитетот на Европа, при што земјите од Западен Балкан треба да продолжат да напредуваат на европскиот пат преку кредибилни реформи и регионална соработка. – ЕУСАИР не е само регионална платформа за соработка, туку конкретен мост кон постепена европска интеграција. Во време на сериозни геополитички и економски предизвици, на регионот му се потребни повеќе координација, поголема поврзаност и повеќе заеднички инвестиции, рече Сали.

За градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, регионалната соработка во време на брзи промени, геополитички предизвици, економски притисоци и демографски трансформации, повеќе не е избор, туку неопходност. 

– Само преку заеднички, координирани и одговорни напори можеме да градиме стабилен развој, посилна економска поврзаност, подобра инфраструктурна и институционална соработка, како и поголема општествена кохезија во целиот регион. Годинешниот форум е насочен кон клучни приоритети за нашата заедничка иднина, како што се унапредувањето на спроведувањето на ревидираниот Акциски план на ЕУСАИР и зајакнување на соработката во контекст на проширувањето на Европската Унија, како заедничка стратешка цел и природен пат за земјите од регионот. Особено важно е што во фокусот се и младите. Тие не смеат да бидат само тема на разговор, туку активни учесници, носители на идеи и двигатели на промените. Демографските предизвици бараат сериозни политики што ќе создаваат можности, ќе ги задржат младите во регионот и ќе им дадат причина својата иднина да ја градат токму тука, посочи Ѓорѓиевски.

Македонија го презеде претседавањето со ЕУСАИР лани, во мај од Грција. ЕУСАИР е иницијатива на земјите членки на ЕУ поднесена до Европската комисија и има цел промовирање одржлив економски и социјален просперитет во регионот. ЕУСАИР опфаќа 10 земји – четири од нив се земји членки на ЕУ (Хрватска, Грција, Италија и Словенија) и шест земји, кои не се членки на ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Сан Марино, Црна Гора и Србија). ЕУСАИР исто така цели и кон поддршка на пристапувањето во ЕУ на земјите од Западен Балкан, кон создавање синергии и поттикнување на координацијата меѓу сите територии во Јадранско-јонскиот регион.



Најнови вести од: Македонија

(Фото): Скопје Вода доби современ едукативно терапевтски центар

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека во населбата Црниче бил отворен новиот Едукативно-терапевтски центар „Ајнштајн“- современа и специјализирана социјална услуга наменета за индивидуална работа со деца и млади со различни развојни, интелектуални и говорни тешкотии.

(Видео): Студентските стипендии не се намалени, СДСМ манипулира, велат ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз продолжува со своите лаги и манипулации. Вака од Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги искоментираа обвинувањата од Социјалдемократската младина на Македонија дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се крати од стипендиите на студентите и се врши промена во критериумите за сместување во студентските домови.

Муцунски: Зајакната е европската перспектива на регионот и потврдена е улогата на AII и EUSAIR како важни платформи за поврзување на ЕУ со земјите кандидати

Со одржувањето на 11-от Форум на Јадранско-јонската иницијатива (AII) и Стратегијата Во текот на претседателството, Македонија работеше под мотото „Зајакнување на регионалното единство, унапредување на европската иднина“, ставајќи посебен акцент на проширувањето на Европската Унија, подобрувањето на регионалната поврзаност и продлабочувањето на соработката меѓу земјите членки на ЕУ и земјите кандидати.на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR), што се одржа во Скопје, Република Македонија успешно го заокружи своето едногодишно претседателство со AII/EUSAIR за периодот 2025–2026 година. 

Најчевска: МНР да ги повика амбасадорите на Албанија и Косово и да им врачи протестна нота, поради мешање во внатрешните работи и поттикнување етничко нетрпение и омраза!

„Нашето МНР треба да ги повика амбасадорите на Албанија и Косово и да им врачи протестна нота заради мешње во внатрешните работи на државата и за поттикнување на етничко нетрпение и омраза. Ајде да го воведеме англискиот јазик како официјален јазик во Македонија и сите нека полагаат правосуден испит на англиски јазик.“ – реагира универзитетската професорка Мирјана Најчевска на својот фејсбук-профил.

Дали претседателката на албанскиот парламент Спиропали се меша во внатрешните работи на суверена Македонија, велејќи „Албанците не се толерирано малцинство, туку еден од нејзините државотворни столбови“?!

„Претседателката на албанскиот парламент, Елиса Спиропали, реагираше по протестот на албанските студенти во С.Македонија, оценувајќи дека самиот факт што младите се принудени да протестираат за правото на употреба на албанскиот јазик докажува дека проблемот не е процедурален, туку политички, институционален и морален. Во својата реакција, Спиропали нагласува дека студентскиот протест ги истакна нерешените прашања кои, според неа, не се појавуваат само во парламентарните дебати или политичките изјави, туку и на улиците, преку гласовите на младите кои бараат почитување на основните права.“ – ова го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА. Оваа агенција го пренесува, покрај другото и ставот на Спиропали, која наведува: „Албанците во С Македонија не бараат привилегии. Тие бараат она што требаше да се реши пред многу години и за кое во овој век повеќе не треба да се дискутира. Албанците како политичка етничка група, албанскиот јазик и колективните права мора да бидат јасно, цврсто и недвосмислено дефинирани во Уставот на државата, бидејќи Албанците не се толерирано малцинство, туку еден од државотворните столбови на самата С.Македонија.“ Со ова се отвора сериозна дилема: дали претседателката на албанскиот парламент се меша свесно во внатрешните работи на суверена Република Македонија, обидувајќи се да ѝ дели „лекции“ за уставно (пре) уредување на македонската држава?!

Филков: Правосудниот испит се спроведува согласно со законите! Удар врз уставниот поредок се тврдењата дека законската обврска за познавање на македонскиот јазик е дискриминација!

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, вели министерот за правда, Игор Филков во својата реакција за протестите за полагање на правосуден испит на албански јазик.

Лефков: Зошто Советот на јавни обвинители молчи за прекинот на случајот „Мазут“, еден од најголемите енергетски скандали во историјата на Македонија?!

„Не беа доволни извештаите на ДЗР, не беа доволни докази од МВР, не беше доволно тоа што се труеше народот, но доволно беше за Коларевиќ и Абази, некој од врхушките на СДС и ДУИ, да им соопшти дека треба да се прекине со обвинителската постапка.“ – посочи пратеникот Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста.

Најнови вести

To top