Собранието вчера на 102-та седница усвои повеќе предлог-закони по скратена постапка, меѓу кои за внатрешни работи, за полиција…
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски од собраниската говорница изјави дека како претходно кога се вршела брутална партизација на Министерството за внатрешни работи, да се носат луѓе од штаб на одговорни позиции, продавачи на кифли да се ставаат инспектори.
„Сега тоа нема да се прави, туку се формира средно полициско училиште, од каде што државата ќе ги црпи најдобрите кадри коишто веќе ќе бидат подготвени за оној позив којшто значи полициска работа“, нагласи Петрушевски .
Тој додаде дека сега граѓаните нема недостоинствено да чекаат колони редици за да извадат нормален пасош, туку законски, легитимно, за неколку дена се вадат документи. Петрушевски посочи и дека сега не се давале пасоши на криминалци.
„Сега Македонија е држава којашто има кредибилитет, углед – меѓународен “– подвлече пратеникот.
Петрушевски истакна и дека сега нема да се дозволи криминалците да хараат по улиците низ државата, како што додаде – да има кокаин на секое место.