Хроника

Обид за убиство во гостиварско Чегране

Во гостиварското село Чегране е поднесена кривична пријава за обид за убиство по физичка пресметка во која едно лице било повредено со остар предмет.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против 35-годишниот А.Н. од село Чегране поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Според МВР, на 15 ноември во двор во Чегране, по расправија и физичка пресметка, пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана на едно лице.

Најнови вести од: Хроника

Осум месеци затвор за Игор Дашковски, потпалувачот на автомобили на бугарската амбасада – Пресудата сè уште не е правосилна

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски на осум месеци затвор за палењето две дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје, што се случи на 15 јуни годинава.

To top