Македонија

После неколку банални изговори, СДСМ избега од дебата за буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет, го оцени повлекувањето на СДСМ од Комисијата како немање аргументи. Според Стојановски, СДСМ избегале од дебата, а демаскирани се и информациите што ги пласирале дека ќе дојде до крах на пензискиот систем, дека Буџетот нема да може да ги издржи покачувањата на платите.

СДСМ нема да учествува во работата на Комисијата за финансирање и буџет бидејќи се свесни дека немаат аргументи со кои би ги поткрепиле сопствените тврдења, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски откако опозициската партија соопшти дека се повлекува од работата во Комисијата во време кога треба да се направи ребаланс на Буџетот.

  • Што е важно за македонската јавност во однос на овој финансиски пакет? Прво, станува збор за најповолни можни услови кои во моментов се достапни на пазарот, и убедливо најповолни услови што некоја земја од регионот ги има обезбедено. Второ, со овие средства ќе продолжи интензивната реализација на капиталните инвестиции. Според податоците на Државниот завод за статистика, секторот градежништво бележи двоцифрен раст во повеќе квартали. Понатаму, ќе продолжи растот на бруто-домашниот производ, веќе шест квартали по ред имаме раст од околу 3,5%, што е значаен економски континуитет. Со овие средства ќе се финансираат: повисоки плати, повисоки пензии, изградба на три автопати, брза железница и реконструкција на постојните пруги, нови болници и училишта, како и продолжување на реализацијата на над 1200 капитални проекти низ државата. Но, она што е можеби најважно, и што претставува крунски доказ зошто СДСМ денес не учествува во расправата, е фактот дека дел од овие средства се наменети за отплата на еврообврзница земена во 2020 година, која доспева за плаќање во јуни – рече Стојаноски.

Тој нагласува дека однесувањето на кое сведочеле во изминатите денови, а особено денес, е бегање од дебата и јасен показател дека на СДСМ не може да му се верува.

  • Она што можам да го заклучам е дека аргументите кои неколку дена ги слушаме во јавноста, паѓаат еден по еден. Прво, се тврдеше дека во сала 4 нема просторни услови, односно нема каде да се седне, обезбедивме место. Потоа, се тврдеше дека заемот е ставен како втора точка на дневен ред, ја ставивме како прва точка. И кога дојде моментот тие аргументи да се соочат таму каде што им е местото, во Собранието, СДСМ одлучи да го направи она што го прави со месеци и години наназад: да избега од дебата – потсети тој.

Најнови вести од: Македонија

Вонвременскиот завет на македонскиот војвода Васил Чакаларов: Ако нам ни се стемни, барем на Македонија да ѝ се раздени!

На денешен ден, на 9 јули 1913 година кај леринското село Бел Камен во Егејска Македонија во борба со грчките војници загинува костурскиот војвода Васил Чакаларов, член на Македонската револуционерна организација (МРО), под чие водство опстојува најголемата ослободена територија во Македонија по Илинденското востание до 27 август 1903 година. Чакаларов и неговата чета биле гонети од страна на грчките сили, а на 4 јули 1913 година во Чеган четата била предадена. Тогаш дошло до судир во кој Чакаларов бил полесно повреден, а четата се поделила на два дела. Наредниот ден таа е растурена, тој повторно бил ранет, но успеал да стигне до планината Вич на 8 јули. Чакаларов бил ранет во градите при борбата со грчки војници на 9 јули во близина на Бел Камен. Тука тој загинал и грчките војници му ја отсекле главата и ја однеле во Лерин, каде што на сиот глас викале: „Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!“. Покрај храброста, легендарниот македонски војвода ќе остане запаметен и по неговата порака, која е своевиден вонвременски завет за сите македонски поколенија: „Ако нам ни се стемни, барем на Македонија да ѝ се раздени!“

Гаши бара одговори од Тирана: Зошто тројца пратеници од Вреди со дипломатски пасоши биле задржани на Ќафасан?

Претседателот на Собранието Африм Гаши бара одговор од Албанија, а во МНР се очекува да биде повикан албанскиот амбасадор во Македонија, Денион Мејдани, дознава „Слободен печат“ од високи функционери од власта, откако вчера, на пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и на заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, им бил забранет влез во Албанија. Од Вреди, партијата чии пратеници еден час биле задржани на граничниот премин Ќафасан, иако имале дипломатски пасоши, информираа дека очекуваат официјална Тирана да објасни зошто се задржани функционерите и дали за нив има забрана за влез во Албанија.

Мицкоски: Со блокадата на Изборниот закон Левица прави само театар за мал број на гласачи, кои им веруваат

Премиерот Христијан Мицкоски се уште го чека предлогот на опозицијата за Изборниот законик, со цел тој да биде донесен, а со тоа државата да ги исполни сите од предвидените 10 реформски чекори кои треба да се завршат до средината на месецов, а се од интерес на граѓаните. Пратениците од владејачкото мнозинство, вели, имаат усогласен став дека ќе се прифати секој предлог на опозицијата со вградени препораки на ОБСЕ-ОДИХР и содржано гласање на дијаспората. Она што го прават од опозициската Левица со Изборниот законик, вели, е театар за нивниот мал број гласачи.

Народниот херој Цветан Димов усмртен од бугарскиот фашистички окупатор со фрлање од прозорец по ѕверски измачувања на денешен ден пред 84 години

На денешен ден, на 9 јули 1942 година во Скопје е усмртен народниот херој Цветан Димов од страна на бугарскиот фашистички окупатор. По неколкудневни тешки измачувања и ѕверски тепања, бил фрлен од прозорец од четвртиот кат на Обласната бугарска полициска управа во Скопје од страна на Љубомир Јорданов, началник на групата А на државната безбедност во Обласната полициска управа. Цветан Димов, познат меѓу народот како Целе Чаирчанец, (Скопје, 5 март 1910 [1] – Скопје, 9 јули 1942 ) е македонски комунист, синдикалец, и учесник во НОБ. Заедно со Орце Николов бил еден од најистакнатите организатори на работничкото и комунистичкото движење во Скопје меѓу двете светски војни. По ослободувањето, на 26 јули 1945 година, е прогласен како народен херој на Југославија, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување заедно со Орце Николов, Стеван Наумов – Стив, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош и Кузман Јосифовски – Питу.

Георгиев: Бесниот великобугарски шовинизам е жестока болест на Бугарија со неговото негирање на македонството и македонскиот идентитет!

„Великобугарскиот шовинизам е жестока болест на Бугарија. Тоа не е родољубие, туку бесен национализам, преобразен во манија за величие на една земја во сразмера, трипати поголема од секој нејзин потенцијал, со злоба кон сè небугарско, со болни територијални и национални стремежи, со чудовишно угнетување на националните малцинства внатре во неа. Издигнат во ранг на национална политика, на национална свест и психа, во начин на живеење на сите генерации, великобугарскиот шовинизам десетици години беше темел на буржоаска Бугарија. Анализиран преку сите негови пројави, тој е бугарска идеологија.“ – има напишано бугарскиот универзитетски професор д-р Константин Георгиев од Софија во предговорот на својата книга „Филетизам или проклетство: аспекти на великобугарскиот шовинизам“. Ова е капитален историографски и социолошки труд во два дела. Првиот дел од овој обемен труд е веќе објавен на македонски јазик во 2016 година. Издавачката куќа „Македоника литера“ од Скопје објави на својот фејсбук-профил дека деновиве го испечати вториот дел од студијата на професорот Константин Георгиев.

Најнови вести

To top