Македонија

„Н.М„: Исвиркувањата на химната и пораките за „Голема Албанија“ беа за прекројување граници и омраза кон Македонија! – Секоја европска држава би реагирала на тоа жестоко, со кривични постапки и казни!

„Кога се исвиркува македонската химна, кога не се станува во чест на државните симболи, кога се скандираат пароли за ‘голема Албанија’, кога се испраќаат пораки за прекројување граници и понижување на сопствената држава, тогаш тоа не е навивање. Тоа е политичка порака со опасна умисла и организираност. Ова беше организиран амбиент на омраза, нетрпеливост и отворено непочитување кон Македонија како држава. Ниедна сериозна европска држава не би дозволила организирано исвиркување на химната и сепаратистички пораки без жестока реакција. Ниту една! Во Франција, Германија, Италија или во Шпанија ваквите сцени значат експресни казни, кривични постапки, празни трибини и долгорочни забрани. Држава што не се брани себеси, почнува да се распаѓа однатре. Но, тоа нема да се дозволи тоа!“ – нагласува весникот „Нова Македонија“ во својот редакциски коментар со наслов „Кога ја исвиркуваш химната, ја исвиркуваш својата татковина!“.

Натаму весникот пишува: Постојат финалиња што оставаат горчина. Постојат навивачки испади што ја преминуваат границата на спортскиот вкус. Она го виде Македонија го виде на трибините за време на финалето во Купот не беше обичен инцидент. Тоа беше демонстрација на презир кон државата. Тука веќе не станува збор за фудбал. 

Кога се исвиркува македонската химна, кога не се станува во чест на државните симболи, кога се скандираат пароли за „голема Албанија“, кога се испраќаат пораки за прекројување граници и понижување на сопствената држава, тогаш тоа не е навивање. Тоа е политичка порака. Со опасна умисла и организираност. Најстрашно од сè е што ова не беше изолиран испад на неколку поединци. Ова беше атмосфера. Организиран амбиент на омраза, нетрпеливост и отворено непочитување кон Македонија како држава.

Никој нема право, под превезот на спортот, да ја навредува државата во која живее, работи, заработува и се натпреварува. Особено е лицемерно кога тоа доаѓа од клуб што токму преку Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) игра во европските натпреварувања, добива лиценци, инфраструктура, медиумски простор и институционална поддршка. Да земаш од државата кога ти одговара, а да ја понижуваш кога губиш, тоа е политички цинизам. Одбивањето на играчите на Шкендија да ги примат сребрените медали е уште една слика што долго ќе остане запаметена. Не поради спортската тежина, туку поради пораката што ја испратија, дека не почитуваат институција и не чувствуваат никаква обврска кон системот, во кој функционираат. Но не е суштината на проблемот ФК Шкендија. Групата „Балисти“, можеби, а тоа полесно се решава. Но навистина проблем би бил, ако државата (повторно) премолчи. Македонија предолго живее со стравот дека секоја реакција против екстремизмот ќе биде прогласена како етничка нетолеранција.

Токму поради тој страв со години се толерираат навреди кон државата, кон химната, кон знамето, кон институциите. Ниедна сериозна европска држава не би дозволила организирано исвиркување на химната и сепаратистички пораки без жестока реакција. Ниту една! Во Франција, Германија, Италија или во Шпанија ваквите сцени значат експресни казни, кривични постапки, празни трибини и долгорочни забрани. Само кај нас сè уште се води расправа дали навредата кон сопствената држава треба да се „разбере во контекст“. Нема контекст за исвиркување на државната химна. Нема контекст за повици за туѓи знамиња и туѓи државни проекти на македонски стадион. Нема контекст за понижување на Македонија.

Ова не е напад врз Албанците. Не е напад врз албанскиот јазик, или образование, или историја… Напротив! Најголем дел од Албанците во Македонија не сакаат конфликти, поделби и радикализам. Но токму затоа е важно да се каже дека екстремистичките групи не смеат да зборуваат во име на цело едно многубројно малцинство! Бидејќи кога радикализмот ќе почне да се претставува како патриотизам, тогаш општеството почнува опасно да тоне.

Македонија може да има политички поделби. Може да има етнички несогласувања. Може да има различни ставови за историјата, идентитетот и за политиката. Но не смее да има дилема околу едно, а тоа е дали треба да се почитува државата. Кој не ја почитува химната, не ја почитува ни својата татковина, ни родниот крај, ни државата… А држава што не се брани себеси, почнува да се распаѓа однатре. Тоа нема да се дозволи тоа! – заклучува весникот „Нова Македонија“ во својот редакциски коментар.

Најнови вести од: Македонија

По изјавата за Гоце Делчев, Рубин Земон на средба со Виктор Стојанов, кој има доживотна забрана за влез во Македонија

Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ, се сретнал со бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на т.н. „Фондација Македонија“, кој има доживотна забрана за влез во Република Македонија и против кого пред два месеци беше поднесена кривична пријава за ширење говор на омраза кон македонската држава и народ.

Комисијата откри неправилности кај откупни центри: Се кршат правата на земјоделците

Од Комисијата информираат дека најсериозните прекршувања се однесуваат на регулирањето на договорните односи меѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи.

Најнови вести

To top