Македонија

Андовска: Малус зборува македонски, а родени тука не почитуваат јазик, знаме, химна

Како се учи нормален и цивилизиран однос кон сопствената држава, прашува професорката и деканка на ФМУ

Професорката и деканка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Дарија Андовска, во објава на Фејсбук се произнесе за односот на луѓе коишто се родиле, живеат и заработуваат во Македонија кон симболите на државата што ги храни.

„Имаме еден Јака Малус, ракометар, дојденец од Словенија, кој за кратко време течно зборува македонски. Зошто? Зашто ја почитува државата во која работи и заработува леб, како што тој сам си кажа.

А имаме и еден куп луѓе, кои тука се родиле, се школувале, тука работат и живеат, тука заработуваат и не ги почитуваат јазикот, знамето и химната на државата која ги храни.
Како се учи нормален и цивилизиран однос кон сопствената држава?“, прашува Андовска на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top