Во објава на социјалната мрежа Фејсбук Социјалдемократскиот сојуз порачува дека локалната партиска група во Тетово има нова сила а партијата ,,се расте”.
,,Општинската организација во Тетово е со нова енергија, обединети, со нова сила, СДСМ продолжува да се расте!”, објави СДСМ.
На објавените фотографии се прикажани лидерот на СДСМ Венко Филипче, генералниот секретар Александар Димитријевиќ на средба со дваесетина партиски членови во канцеларијата на партијата во Тетово.
Зошто СДСМ пишува дека ,,партијата продолжува да се расте” а не ,,да расте” засега не е јасно.
