Трамп купува акции, а потоа ги „помага“ компаниите тврди Рејчел Мадоу која обвинува за конфликт на интереси во Белата Куќа.
Водителката на „The Rachel Maddow Show“ на MSNBC, Рачел Мадоу, објави детален извештај во кој го обвинува претседателот Доналд Трамп дека користи внатрешни информации и претседателската функција за лична финансиска корист преку тргување со акции.
Според Мадоу, постои јасна шема: Трамп купува акции од одредени компании, а потоа или неговата администрација носи одлуки или тој лично јавно ги фали истите тие компании, со што нивната вредност на берзата значително расте.
Меѓу примерите што ги наведе се:Eli Lilly – Трамп купил акции од компанијата непосредно пред неговата администрација да донесе мерки кои го зголемиле профитот на нивниот познат лек против дебелина.
Nvidia и AMD – Купил акции, а потоа Министерството за трговија одобрило продажба на чипови од овие фирми во Кина.
Dell – По купувањето на акции, јавно ја пофалил компанијата.
Palantir (PLTR) – Купил стотици илјади долари акции, а потоа на социјалните мрежи ја објавил ознаката на акцијата, со што директно ја поттикнал нејзината цена нагоре.
Мадоу истакна дека ова однесување е „фантастички, калеидоскопски корумпирано“ и дека е многу невообичаено за американски претседател.
Таа потсети дека ниту Џо Бајден ниту Барак Обама не тргувале со акции додека биле на функцијата.
„Ова не е нормално. Ова е нешто што го прават луѓето кои ја користат моќта за лична корист“, изјави Мадоу.
Засега од Белата куќа или од тимот на Трамп нема официјален одговор на овие обвинувања.