Бизнис

„ЕСМ“ со паметна стратегија: Преку викенд набавки на струја по негативни цени, компанијата инкасираше околу 50.000 евра

АД ЕСМ покажува сигнали на консолидација на финансиски план после огромни предизвици во сите сегменти на работењето, наследени од претходните раководства во периодот 2017-2024 година.

АД ЕСМ покажа како со паметно и домаќинско работење може да се оствари приход и истовремено да се зачуваат домашните енергетски ресурси. Во текот на изминатите два месеци, вклучувајќи го и претстојниот продолжен викенд, компанијата реализира серија успешни набавки на струја преку транспарентен јавен оглас, со кои успеа да заработи околу 44.000 евра. Специфичноста на овие набавки е во тоа што се реализирани во периоди со негативни цени на струјата на берзите, што значи дека АД ЕСМ не плаќа за преземената енергија, туку напротив – на компанијата и се плаќа за да ја преземе таа електрична енергија. За време на овие берзански флуктуации, вкупното преземено количество на набавена електрична енергија изнесува 3.950 MWh.

Станува збор за одлична стратегија која носи повеќекратни придобивки во секојдневните работни процеси. Преку внимателното следење на движењата на берзанските цени, АД ЕСМ спроведе целосна оптимизација на сопствените капацитети. Наместо нерационално трошење на сопствените ресурси во периоди кога струјата на пазарот се нуди по екстремно ниски, па дури и негативни цени, компанијата штеди јаглен, мазут и вода во хидроакумулациите.

Од АД ЕСМ истакнуваат дека оваа пракса, која почнала да се применува минатата година, ќе продолжи и во претстојниот период, секогаш кога пазарните услови се поповолни од трошоците за сопствено производство. Според нив, одлуката на компанијата да купува енергија кога е евтина, наместо по секоја цена да троши сопствени ресурси, претставува зрел и одговорен модел на управување.

Иако директната заработка од речиси 50.000 евра е значајна, вистинската вредност на оваа стратегија лежи во заштедените милиони кои инаку би се потрошиле за ископ на јаглен или за набавка на мазут во периоди кога струјата на берзите е речиси „бесплатна“. Секој мегават-час купен во периоди на вишоци, кои најчесто доаѓаат од обновливи извори, значи помалку емисии на јаглерод диоксид и позитивно влијание врз животната средина со оптимизација на производството од термоелектраните.

Исто така, на тој начин се обезбедува и поголем хидропотенцијал, односно повеќе вода за потребите на хидроелектраните, која ќе се искористи тогаш кога му е најмногу потребна на македонскиот електроенергетски систем. За информација, во моментов, хидропотенцијалот односни резервите на вода за производство на електрична енергија достигнаа дури 70 отсто. Компанијата најавува дека интензивно ќе  продолжи да дејствува како активен играч на пазарот, а не само како пасивен производител на електрична енергија.

АД ЕСМ покажува сигнали на консолидација на финансиски план после огромни предизвици во сите сегменти на работењето, наследени од претходните раководства во периодот 2017-2024 година.

Најнови вести од: Бизнис

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

(Фото): УЈП ќе разменува искуства со Унгарија за дигитализација и наплата на даноците

Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка и воспоставување континуирана размена на знаења, искуства и добри практики меѓу даночните администрации на Македонија и Унгарија.

(Фото): Иновациите треба да придонесат за поодговорно и поинклузивно кредитирање, вели гувернерот Славески

Целта е развојот на финансиските услуги да создава економски можности и да придонесува кон одржливо кредитирање, без да се загрозат финансиската стабилност и довербата на граѓаните и компаниите.

Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити – Ќе ја покачи ли Народна банка каматната стапка?!

Народната банка во следниот период можно е да ја качи референтната каматна стапка од која најмногу зависи какви ќе бидат каматите и на депозитите и на кредитите. Ова се очекувањата од познавачите.

Поранешниот министер Дамјан Манчевски почнува бизнис со дата-центри

Поранешниоот министер за информатично општество и администрација, Дамјан Манчевски, основа свој бизнис за оперирање со дата-центри во регионот, објави Фактор. Изминатиот период тој на социјалните мрежи и на еден поткаст објави дека ќе биде еден од раководителите на Орион Телеком, кој има сопствен дата-центар во Белград, додека во Државниот дата-центар во Крагуевац е комерцијален корисник, […]

To top