Македонија

Муцунски: Мора да се спротивставиме на надворешните влијанија на Балканот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изминатите два дена учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што се одржа во Хелсингборг, Кралството Шведска.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изминатите два дена учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што се одржа во Хелсингборг, Кралството Шведска.

На состанокот беа разменети мислења за актуелните глобални безбедносни предизвици, со посебен фокус на подготовките за Самитот на НАТО во Анкара, кој ќе се одржи во јули оваа година.

Дискусиите беа концентрирани на имплементацијата на одлуките донесени на минатогодишниот Самит во Хаг, особено во делот на зголемените инвестиции во модернизација на одбраната и целосното исполнување на обврските од Планот за одбранбени инвестиции. Министрите ја потврдија заедничката заложба за нивно доследно спроведување, со цел зајакнување на колективната одбрана и капацитетите за одвраќање на Алијансата.

Министерот Муцунски истакна дека Западниот Балкан останува регион во Европа каде што сè уште постојат сериозни безбедносни ризици и злонамерно влијание од надворешни актери, поради што регионот и понатаму треба да биде во фокусот на НАТО.

Тој ги претстави приоритетите и активностите на Владата во исполнувањето на заедничките обврски, со посебен акцент на зголеменото финансирање на одбраната и зајакнување на домашните одбранбени капацитети, со цел поголем придонес во колективната одбрана на Алијансата.

Муцунски ја нагласи и важноста од развој и модернизација на одбранбената индустрија преку зголемување на производството и модернизација на индустриските капацитети, како значаен чекор кон посилна Европа во рамки на посилно НАТО.

Во однос на Украина, министерот ја реафирмираше континуираната поддршка на Северна Македонија, нагласувајќи ја потребата од обезбедување предвидливост и континуитет на помошта, паралелно со напорите за наоѓање праведно решение за конфликтот.

Актуелните состојби во Јужното соседство, исто така, беа дел од дискусиите, при што беше истакната потребата од зајакнат и координиран пристап на сојузниците, како и од блиска соработка со Европската Унија.

Министрите ја потврдија важноста од продлабочување на партнерскиот дијалог и соработка со стратешките партнери, како клучен предуслов за стабилност и безбедност на целиот евроатлантски простор.

Најнови вести од: Македонија

To top