Македонија

Премиерот Мицкоски упати честитка по повод 23 мај – Националниот ден на Власите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати официјална честитка по повод 23 мај – Меѓународниот ден на Власите, изразувајќи им искрени желби за мир, здравје, благосостојба и спокој во нивните домови.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати официјална честитка по повод 23 мај – Меѓународниот ден на Власите, изразувајќи им искрени желби за мир, здравје, благосостојба и спокој во нивните домови.

Во своето празнично обраќање, премиерот Мицкоски посебно го истакна историскиот придонес и културното богатство на влашката заедница во развојот на нашата земја.

Тој нагласи дека влашката култура, традиција и обичаи претставуваат силен и препознатлив белег во севкупниот општествен и економски напредок на Македонија.

Премиерот повика на заеднички ангажман на сите граѓани за унапредување на општествените вредности и економскиот просперитет.

„Единството, толеранцијата и меѓусебното разбирање се вредности со кои мора сите заеднички да се стремиме и да ги негуваме, затоа што само така ќе изградиме општество кое ќе се темели на меѓусебна почит и доверба“, порача Мицкоски.

Како клучна цел на Владата, тој го посочи создавањето на подобри услови за живот кои ќе ги задржат младите генерации во татковината.

„Заеднички да работиме за просперитет и раст на Македонија, за сегашните и идните генерации да имаат услови да ја градат сопствената иднина тука, во својата татковина. Нека Ви е честит Националниот ден на Власите“, се вели во честитката на премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и 10.

To top