Македонија

Оксфордски академик до руска амбасада: Зошто не кажете дека Кирил и Методиј се од Македонија?

Оксфорскиот академик реагира што Кирил и Методиј не се претставени како од Македонија

Оксфордскиот академик и професор по балканска историја Џејмс Петифер поставува јавно прашање до руската амбасада во Кенија која според него дава неточни податоци од каде се сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Петифер кој предава на колеџот St. Cross за постдипломски студии на престижниот универзитет Оскфорд ја прашува руската диоломатија зошто не кажува дека Кирил и Методиј биле од Македонија туку зборува за Византија како нивно место на потекло.

,,Добро, кирилицата е еден од најголемите пронајдоци во човечката историја во Европа. Но, не треба ли да се каже не само „Византија“, туку дека Кирил и Методиј биле православни свештеници од Македонија”, прашува Петифер на овјавата на руската амбасада.

,,Зошто Русија го слави „Денот на словенското пишување и култура“ на 24 мај?

📅Датумот се совпаѓа со црковниот ден на сеќавање на светите браќа Кирил и Методиј, кои живееле во Византија и ја измислиле словенската азбука во 863 година”, стои во објавата на Руската амбасада во Кенија.

Пресходно амбасадата на Руската Федерациjа во Македониjа упати честитка од Амбасадорот на Русија Дмитриј Зиков по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.

Во честитката од амбасадата во Скипје не стои од каде се Кирил и Методиј.

,,Од срце му го честитам на братскиот македонски народ нашиот заеднички празник – Денот на сеќавањето на светите рамноапостолни Кирил и Методиј, големите просветители кои ги поставија темелите на словенското писмо и литература. Овој датум за сеќавање е симбол на духовното и културното сродство, блискоста на националните традиции на словенските народи. Тој нè потсетува на нераскинливата нишка што ги поврзува генерациите низ повеќе од илјадагодишната историја на развојот на словенското писмо.

Во нашата земја, на денот за сеќавање на светите браќа се одбележува Денот на словенското писмо и култура – празник што се слави секоја година во голем обем и има богата историја. Во Русија, не се забораваат херојското подвизување и големиот труд на Светите Кирил и Методиј, кои дојдоа од македонската земја и ги раширија православната вера и првата азбука меѓу нашите предци. Денес, во црквите низ Русија, верниците се обраќаат кон рамноапостолните просветители со молитви за словенските народи, вклучувајќи го и македонскиот.
На овој светол ден, ви посакувам здравје, благосостојба и успех во сите потфати”, стои во честитката од амбасадата на Руската Федерациjа во Македониjа.

Петифер кој често доаѓа во Македонија на 24 Април се сретна со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која по средбата со него објави:

,,Секоја средба со Оксфордскиот професор Џејмс Петифер е предизвик за умот и знаењето, со оглед на неговото извонредно познавање на балканската историја, потврдено од десетина книги.

Вреди да се чујат неговите видувања, критички ставови и совети”.

Најнови вести од: Македонија

To top