Свет

Лавров му најавил на Рубио систематски удари врз Киев

Во телефонскиот разговор првиот руски дипломат обвинил за прекршување на „договореното во Енкориџ на највисоко ниво“

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска телефонски разговарал со својот американски колега Марко Рубио, кого го информирал за намерата на Русија систематски да го напаѓа Киев.

Според соопштението на руското МНР, Лавров „официјално ја информирал американската страна“ дека руската војска „започнува систематски и конзистентни напади врз објекти во Киев што се користат за потребите на украинските вооружени сили, како и врз релевантните центри за донесување одлуки“.

Лавров, исто така, наводно го потсетил Рубио на „договорите од Енкориџ“ постигнати „на највисоко ниво“ и ги обвини Европа и Украина за поткопување на овие договори, мислејќи на средбата на претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп минатиот август во Алјаска.

Сè уште не е јасно што подразбира првиот руски дипломат под „договорите од Енкориџ“.

Американската страна сè уште не известила за разговорот меѓу дипломатите.

Порано денес, МНР на Русија се закани со нови напади врз „центрите за донесување одлуки“ во Киев, наводно како одговор на украинскиот напад врз студентски дом во Старобелск во регионот Луганск под руска контрола. Руската страна ги опиша украинските напади како „тероризам и нацизам“.

Странските дипломати во Киев се предупредени да го напуштат главниот град што е можно поскоро.

Најнови вести од: Свет

Добра вест за светот: Цената на нафтата Брент падна 97 долари за барел

И покрај постојаната неизвесност, податоците за следење на бродовите укажуваат на постепено ублажување на регионалните нарушувања, при што неколку танкери за течен природен гас поминаа низ Ормускиот теснец на пат кон Пакистан, Кина и Индија.

Новиот пристап на ЕУ предизвика остра критика кај новинарите

Иницијативата на Советот на Европската Унија да поканува инфлуенсери (креатори на содржини) на самитите на лидерите и министерските состаноци предизвика остра реакција кај новинарите кои редовно ги следат работите на ЕУ.

To top