Во партиско соопштение, ВРЕДИ нагласува дека „оние кои сакаа да го направат Тетово пашалук на Дака Давидовиќ, човекот на американската црна листа, и ја оставија општината со 24 милиони евра долг, не можат да сфатат како Билал Касами го трансформираше Тетово во само еден мандат, а во исто време го намали долгот“.
„За време на ерата на ДУИ, тетовскиот стадион не можеше да се изгради поради узурпирање на приватен имот. Спортскиот центар и многу други јавни имоти исто така беа узурпирани. ДУИ ги затвораше очите пред урбаната мафија за коруптивни интереси“ се вели во соопштението.
Од партијата истакнуваат дека со доаѓањето на Билал Касами на чело на Тетово, имотите им беа вратени на граѓаните. Тетовскиот стадион конечно се гради. Се градат патишта и булевари. За прв пат по многу децении, во Тетово се градат две средни училишта“.
„Покрај решавањето на проблемите со основната инфраструктура, водата за пиење и канализацијата, ВРЕДИ и Билал Касами градат и спортски сали и базени, трансформирајќи го Тетово во европски град.
Овој развој само ѝ пречи на ДУИ.
Опозицијата е носталгична за времето кога дуото Бајрам Реџепи – Теута Арифи ја задолжи општината, продаде јавен имот на сомнителни проруски бизнисмени и ги остави жителите на Тетово во кал и беда.“
„За среќа, тоа време не се враќа. Тетово јасно проговори на локалните избори. Убедливата победа на ВРЕДИ со 5.000 гласови разлика беше јасна порака и до ДУИ, до урбаната мафија и до сомнителните агенди дека Тетово го затвори темното поглавје на корупција, хаос, стагнација и деградација. Тетово оди напред кон развој и благосостојба“, велат од ВРЕДИ.