Македонија

Крешник Бектеши пуштен во домашен притвор

По два месеца во затворски притвор, поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е пуштен во куќен притвор откако јавното обвинителство му предложи на кочанскиот суд поблаги мерки за него и за поранешниот државен секретар Размена Чекиќ Дуриќ. Неговиот адвокат Еленко Миланов вели дека Бектеши бил пуштен дома уште вчера по одлука на кочанскиот суд. Како […]

По два месеца во затворски притвор, поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е пуштен во куќен притвор откако јавното обвинителство му предложи на кочанскиот суд поблаги мерки за него и за поранешниот државен секретар Размена Чекиќ Дуриќ.

Неговиот адвокат Еленко Миланов вели дека Бектеши бил пуштен дома уште вчера по одлука на кочанскиот суд. Како што објаснува Миланов, со оглед на тоа што се работи за предлог за поблага мерка на обвинителството, судот одлучува истиот ден и нема можност за одложување на спроведувањето на мерката.

Обвинителството вчера соопшти дека тимот обвинители постапува во предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ и ги привршува дејствијата на распити на сведоци-очевидци на настанот.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top