Македонија

МПЦ-ОА ќе формира Фонд за поткрепа на многудетни семејства

Светиот синод донесе ваква одлука воден од пастирска грижа и загрижен од демографската состојба кај православните Македонци

Дамнешната заложба на православните верници во Македонија на прагот на реализација – Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква на својата денешна седница донесе одлука за основање Фонд за поткрепа на многудетни семејства.

„Светиот синод ги разгледа и ги усвои годишните извештаи од епархиите на МПЦ–ОА во татковината и во дијаспората, при што обрна посебно внимание на оние показатели кои сведочат за демографската состојба кај македонскиот православен народ. Воден од пастирска грижа, Светиот архијерејски синод одлучи да формира Фонд за поткрепа на многудетни семејства“, соопшти МПЦ-ОА.

На седницата беа разгледани и други прашања од важност за функционирањето на македонската црква.

Разгледувајќи ја состојбата на духовното и културно богатство на македонските храмови и манастири, Синодот со жалење констатирал дека тоа се наоѓа во лоша состојба поради недостигот од стручни кадри за конзервација. Светиот синод апелира до надлежните институции неодложно да преземат соодветни мерки со цел „да го зачуваме она што ни е оставено од нашите претходници“.

Како основач на воспитно-образовните институции при МПЦ-ОА, Синодот ја поздравил работата на Управата на Богословијата, која учебната 2025/26 година спроведе наставна програма од 4 години, а денот за упис на нови ученици ќе биде на 19 јуни 2026 година.

За нов член во постојаниот (работен) состав на Синодот е избран митрополитот Струмички г. Наум, а за негов заменик митрополитот Европски г. Пимен.

Најнови вести од: Македонија

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

Најнови вести

To top