Македонија

Фото на денот: Пленковиќ во црквата „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид

Хрватскиот премиер се запозна со еден од белезите на „македонскиот Ерусалим“ во рамките на неформалниот дел од посетата на Македонија

Во рамките на неформалниот дел од официјаланата посета на Македонија, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ги посети Охрид и црквата „Пресвета Богородица Перивлепта“.

„Водич“ му беше неговиот македонски колега и домаќин Христијан Мицкоски, кој со гостинот од Хрватска ги сподели славната историја на „македонскиот Ерусалим“ и културното наследство на Македонија.

Претходно, во Скопје, претседателите на двете влади потпишаа Договор за стратешка соработка.

Најнови вести од: Македонија

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top