Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и тие околу него, за власт се спремни за нови предавства

Како специјален бугарски пратеник и пиун на Радев, за власт и амнестија за криминалите, верува дека уставните измени се последно барање

„Без око да им трепне, уште од прв ден, доколку би дошле власт, би направиле уставни измени со кои би ги вметнале Бугарите во македонскиот устав“; се вели во соопштението од владејачката партија.

„Иако знаат дека впишувањето на околу две, три илјади граѓани кои себеси се чувствуваат како Бугари не се последното барање или ултиматум кој доаѓа од источниот сосед.

Следни на маса за отстапки ќе бидат македонскиот јазик, култура, историја, идентитет и на ултиматумите и бугарските диктати ќе им нема крај. Тоа Филипче го знае, затоа што се е јавно кажано, само на него и на СДС им одговара да зборуваат дека Бугарите во Устав се последното барање од Бугарија и единствениот услов за продолжување на евроинтегративниот пат на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додават дека, како послушник и пиун на Румен Радев, Филипче се претвори во главен лобист во државава за прифаќање на бугарските диктати.

„Затоа потсетуваме на видеа од 2019 година, кое повторно стана актуелно на социјалните мрежи, од говор на Радев како тогашен претседател на Бугарија пред голем аудиториум на конференција во Русија, на којшто присуствувал и Владимир Путин, говорел за македонската историја во бугарски контекст.

Во своето тогашно обраќање, Румен Радев зборувал и дека Гоце Делчев е Бугарин и дека писменоста кај словенските народи дошла од Бугарија, а не од Македонија

Во тоа време владата во Македонија ја предводел Зоран Заев, а Венко Филипче беше министер и од нив како тогашна власт немаше никаква осуда за конкретниот говор на Радев, како што немаа реакција ни за изјавата на бугарската министерка која нè нарече северномакедонци.

Оттука јасно е дека бугарските власти немаат намера да застанат само на Бугарите во Устав, туку нивната намера е комплетно да ја редефинираат македонската историја, македонскиот јазик, култура и идентитет. И за тоа подизведувачи им се СДС и Филипче.

Филипче јасно покажува дека доколку дојде на власт би им дозволил на Бугарите без никаква задршка, великанот Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули, Даме Груев да бидат Бугари кои се бореле за бугарската држава, а Кирил и Методиј да бидат бугарски просветители кои ги описмениле словенските народи. И после тоа, секако би следел и македонскиот јазик кој за нив нема да е проблем да речат дека постои од 1945 година, исто како и дека македонскиот идентитет е од по втората светска војна, а дека се пред тоа било бугарско“ се истакнува во соопштението..

Од ВМРО -ДПМНЕ велат дека од  „СДС и Венко Филипче друго и не се очекува, кога во свои редови го има Стево Пендаровски кој исто како и бугарските власти мисли за Гоце Делчев, како и Рубин Земон кој вели дека Делчев ништо не направил за Македонија.

Но времето на предавствата на СДС, Филипче и Заев и на националните и идентитетски отстапки заврши“.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните кои ја ценат и поддржуваат нашата достоинствена политика која носи просперитет и благосостојба на македонскиот народ, тоа нема да го дозволат.

Време е за реформи, не за прифаќање ултиматуми и уцени на штета на македонските идентитетски обележја.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката со порака: Курбан Бајрам ги промовира вредностите на човечност

Преку љубовта и грижата за ближниот, дури и во услови на разлики и предизвици, се гради интегрирано општество, каде различностите претставуваат предност и мост за единство, порачува претседателката на Македонија

Верниците од исламска вероисповед го слават празникот Курбан Бајрам

На овој ден верниците со задоволство ја извршуваат божествената обврска на принесување курбан, сведочејќи во пракса дека богатството е дар од Бога и дека тоа не е цел на животот, туку средство за постигнување на неговите цели: верата, грижата за себе, за човекот, за сиракот, за сиромавиот, за знаењето и за човечката благосостојба.

To top