Хроника

Дете запали стан во Скопје додека готвеше, со изгореници е префрлено во болница

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Тринаесетгодишно дете денеска околу 12:40 часот било пренесено во Градската општа болница „8-ми Септември“ откако во стан во центарот на Скопје избувнал пожар.

Според првичните информации, детето било само во станот и се обидувало да готви кога се запалиле кујнска крпа или сунѓер. Во обид само да го изгаси огнот, малолетникот ги изнел запалените предмети на терасата, при што се запалиле и алишта кои се сушеле.

Детето се здобило со изгореници и вдишало чад. Благодарение на брзата реакција, успеало навреме да излезе од станот пред пожарот да се прошири.

На местото интервенирале екипи на противпожарната служба и Итната медицинска помош. Детето е пренесено во болница за понатамошен третман.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

Обвинителството врши обемна и финансиска истрага на „Комуналец“ од Гостивар

Истрагата за случајот со загадената вода во Гостивар се проширува. Обвинителството побарало обемна финансиска документација од повеќе институции, се дознава од извори, вклучени во истрагата.

Претседателот на Стоматолошко друштво на Албанците зел мито, за да „положи“ лекарка стручен испит!

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, додека на второосомничениот му се става на товар кривичното дело „Примање поткуп“.

Бегалецот од прилепскиот затвор Ѓ.З. (35) од Битола фатен по извршена кражба во маркет заедно со А.Ј. (29)

Полициски службеници од СВР Битола привеле две лица осомничени за тешка кражба во маркет, при што било откриено дека едниот од нив бил баран со потерница, поради бегство од Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“.

To top