Македонија

Мицкоски: Ќе оствариме сѐ од реформската агенда, освен промена на Уставот! Ќе ги изолираме опозицијата и нејзината кампања за тоа!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница истакна дека Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе биде пред и оние, кои се сметаат како предводници. Тој очекува остварување побрза и поголема правда одошто порано, затоа што, како што рече, и граѓаните не се задоволни од спора правда. – Се разбира дека не само јас и граѓаните, Ќе се согласиме сите дека правдата е премногу бавна, или воопшто ја нема, и оти не сме задоволни. Поврзано со остварувањето на правдата очекувам во периодот кој следи побрза и поголема правда одошто порано. Имаме околу 120-130 ревизорски извештаи на институции доставени до обвинителството, барем ревизорите велат дека констатирале многу незаконитости, очекувам барем врз основа на тие ревизорски извештаи да се постапува и да се оствари правда, изјави Мицкоски, одговарајќи на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Премиерот посочи дека Владата прави се Обвинителството и судовите да добијат услови за работа за да ја реализираат правдата и за да работат попродуктивно. Тој нагласи дека службениците во судовите и обвинителствата ќе добијат 40 проценти зголемени плати, 200 нови вработувања, како и дека се почитува одлуката на Уставен суд да се вратат платите на судиите од 2025 година. Мицкоски напомна дека нема да има дополнителни зголемувања без јасни резултати.

-Конкретно сега имаме камен на сопнување, каде што треба да се регулираат, повторно се се сведува околу платите на судиите и обвинителите. Тој е оној камен на сопнување за кој ние во Реформската агенда сега разговараме. Сега се бара дополнителни зголемувања на примањата. Дополнителни зголемувања без јасни резултати нема па дури и по цена да пропадне тој чекор, бидејќи со ова што ние го направивме, како влада што го овозможивме е континуиран раст на платите на вработените во судовите. И ова јасно на следниот состанок на Герт Јан Копман ќе му го кажам. Се бараше зголемување, се овозможи зголемување, се бараше измена во закон, се овозможи измена во закон, се бараше зголемување на вработените службеници, се овозможи 200 нови вработувања, но континуирано ние да овозможуваме средства за зголемување на буџетите и платите без притоа да има никакви резултати, т.е. резултати кои не враќаат назад, тоа како влада нема да го дозволиме, потенцираше Мицкоски.

Премиерот нагласи дека и да не успее овој чекор, ние и во јунскиот извештај ќе бидеме подобри од самопрогласените фронтранери исто како што бевме во декемврискиот и така ќе бидеме до крај. Потенцира дека Владата се друго ќе работи и ќе испорача, но, како што истакна, ќе го изолира прашањето за кое опозицијата води кампања за промена на Устав, за кое останува цврст и непроменет ставот.

– И ќе го изолираме ова за коешто денеска опозицијата води кампања – промена на Устав. Се друго ќе работиме и ќе испорачаме. Тоа што зависи од нас. Но, промена на Устав ќе го изолираме. Сме го кажале нашиот став по тоа прашање коешто е цврст и непроменет и тука нема дилема. Исто како што сме кажале став и по многу други прашања и се непроменети. Јас разбирам опозицијата, ќе води лажна кампања, но како демохристијанска партија треба да простиме, тоа не разликува нас – тоа што ние умееме да простиме. Ќе простиме, но нема да заборавиме – рече премиерот Мицкоски.


Најнови вести од: Македонија

(Видео): Речиси целосно пробиена трасата на булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево

По долгогодишно чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно добива решение, со што се исполнува едно од најважните инфраструктурни очекувања на жителите од овој дел на Скопје.

„Комунална хигиена“ со 12 милиони евра долгови и 60% од возилата расипани

Државната ревизија ја прочешла документацијата за 2024 година на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Според наодите на ревизорите компанијата има проблем со наплататата на нивната услуга, потоа забележано е нерационално управување со залихите, но констатирана е и намалена ликвидност.

Презирот на македонските херои кон смртта во битката на Ножот на 14.7.1907, една од највеличествените страници на македонската историја по Илинденското востание

„Никој не смее да ги допре и да ги нагрди хероите! Гледате ли како комитите ја презираат смртта? Се борат и умираат како херои!“ – со овие зборови мајорот Енвер-беј, кој командувал со многубројната турска војска во легендарната битка со македонските комити на 14 јули 1907 година на планинскиот врв Ножот кај прилепското село Ракле, им оддал почит на саможртвениците за слободата на Македонија и македонскиот народ. Тој трагичен јулски ден во 1907 година штамата завладеја на Ножот, откако последните преживеани македонски комити се самоубија со последните куршуми и со активираните бомби, кои им преостанаа, за да не паднат во рацете на турскиот аскер. Претходно прилепскиот градски окружен комитет и војводите им издале наредба да се повлечат од врвот. ,,Опфатени сме од оган, гориме и сме дошле да изгориме. Сакаме да умреме со достоинство. Нашето решение е неповратно.” – порачале 54-те македонски херои, одбивајќи да се повлечат, за да можат сите останати да заминат безбедно. Битката на Ножот е од најнерамноправните и најкрвавите битки во историјата на Македонија по Илинденското востание, но е и една од многуте во македонската национална историја на непокорот, буните и востанијата против поробителите.

To top