Натаму агенцијата наведува: Компаниите „Про билдинг компани“ од Тетово и „ПалмаТраде“ се инвеститори на објектот. „Про билдинг компани“ е во сопственост на Абдуљвехап Хусеини, Трипун Крстевски и Ванчо Крстевски. Делот од булеварот „Теодосиј Галаганов“, каде што се случи инцидентот, ќе биде затворен за сообраќај барем уште еден месец.
Инспекторите на Град Скопје во координација со градежните инспектори на Општина Центар, го задолжиле инвеститорот, за 30 дена, на своја сметка да го санира градилиштето и да ги направи неопходните градежни зафати, кои ќе гарантираат безбедност на граѓаните и на соседните згради.
Од досегашните сознанија, пропусти во надзорот на градежните активности се најверојатната причина за инцидентот. инвеститорот на градилиштето не поставил доволно ткн „шипови“, што е важна градежна постапка за голема носивост и стабилноста на целата конструкција, особено кога станува збор за растресита почва на која се гради. Односно тоа е метод со кој се овозможува пренесување на товарот од конструкцијата кон подлабоки и поцврсти слоеви на почвата, објави „Нетпрес“.