Македонија

Шефот на македонската институција со најголема доверба: Имаме модерна македонска армија

На настанот граѓаните можеа сами да се уверат дека имаат модерна македонска армија

Македонската Армија, по повод успешното оценување на НАТО целта на способност Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), денес на градскиот стадион во Штип реализираше презентација на дел од воената опрема, возилата и способностите на единиците.

Началникот на генералштабот на АРМ
генералот Лафчиски кој е шеф на македонската институција со најголема доверба денеска зборуваше за начинот на кој се доаѓа до модерна македонска армија.

Генералот Лафчиски истакна дека презентацијата е организирана со цел да го препознаеме подвигот кој го постигнаа припадниците од Лесната пешадиска батаљонска група (ЛПБГ).

Тој притоа им се заблагодари на сите кои работеле во нејзината изградба и придонесоа таа да биде основа за модерната македонска Армија.

На презентацијата беше присутна и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

„Добивме печат за извонредност, за квалитет, а тоа е впрочем доказ дека угледот на Армијата не е случаен. Армијата е најголемиот столб и гарант на мирот, на безбедноста и секогаш е таму каде што е најпотребно“ истакна претседателката Сиљановска – Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top