Тој навел дека околу 23:40 часот побарал лекарска помош во Ургентниот центар во Гостивар поради болки во стомакот, но дежурниот лекар, според пријавеното, одбил да му укаже помош или да го упати во друга здравствена установа.
Потоа, како што пријавил, службениците од обезбедувањето го отстраниле од просториите на Ургентниот центар.
Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.