Свет

Пресврт во САД и проблеми за Трамп: Демократските кандидати водат во шест од седум клучни држави, дури и во традиционални републикански упоришта!

Само еден ден пред американските избори на средината на мандатот, најновите анкети на „Њујорк тајмс“ и колеџот „Сиена“ покажуваат значителна промена во корист на демократите во битката за контрола врз Сенатот.

Демократските кандидати водат во шест од седумте клучни држави, вклучително и во традиционалните републикански упоришта, Тексас и Канзас.

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со неповолни резултати во анкетите пред изборите на средината на мандатот на 3 ноември, на кои гласачите ќе го одредат составот на Конгресот и политичкиот сооднос на силите за последните две години од неговиот мандат.

Според најновото истражување на „Њујорк тајмс“ и колеџот „Сиена“, спроведено во периодот од 23 октомври до 1 ноември, демократските кандидати водат во речиси сите клучни трки за места во Сенатот. Особено изненадувачки се резултатите во Тексас – каде што не е избран демократски сенатор уште од 1988 година – и во Канзас, каде што демократите немаат победено на избори за Сенат уште од 1932 година.

За да обезбедат мнозинство, демократите треба да ги задржат своите постојни места и да освојат најмалку четири места што моментално ги држат републиканците.

Најнови вести од: Свет

Најнови вести

To top