Македонија

Половина век часови по македонски јазик во Нов Јужен Велс

На 29 мај 1976 година во сиднејската населба Њутаун македонските деца почнале да го учат мајчиниот јазик на своите родители

Македонската заедница во Австралија одбележува половина век од првите часови по македонски јазик во Нов Јужен Велс, кои почнале на 29 мај 1976 година во сиднејската населба Њутаун.

Меѓу 400 и 500 деца во почетокот ги посетувале часовите, се присетува еден од првите наставници Тоде Кабровски, во интервју за програмата на македонски на радиото Ес-Бе-Ес.

Во тие први години немало учебници, ниту доволно наставни материјали, но и покрај тоа наставата ја посетувале стотици ученици, вели долгогодишниот претседател на Македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс, функција што ја извршувал околу 17 години, а денес е почесен претседател на Одборот.

Првите генерации учеле во многу скромни услови, често без доволен број столчиња, па децата седеле на перничиња на подот, но силната волја и посветеноста на наставниците и родителите биле посилни од сите предизвици.

 

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top