Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да му пренесе на Радев дека…

Без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има

Филипче му се додворуваше на Радев уште пред тој да стане премиер и почна да зборува за спроведување на уставни измени без гаранции, а тој уште веднаш би го направил истото доколку би имал власт, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека Филипче го следи моделот на Заев и го носи неговиот политички багаж за да ја задржи фотелјата на Бихаќка. Поради тој модел, беа спроведени последните уставни измени, што доведе до тоа државата да го промени уставното име.

Тоа е таа штетна политика на СДС. Сега Филипче немајќи прибежиште, затоа што граѓаните го испратија СДС во опозиција пред скоро две години, се додворува на Бугарија, а членовите на највисокото раководство на СДС, поставени токму од Филипче, одржуваат бугарски релации со активисти кои шират бугарска пропаганда во Македонија“, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека ставовите на официјална Софија се јасни: Македонскиот јазик е бугарски дијалект, македонските револуционери се Бугари, и македонскиот и бугарскиот народ се ист народ во две земји.

Додека лидерот на СДСМ се додворува на Радев, и додека се обидува да се докопка до власт, Филипче како специјален пратеник на Бугарија во Македонија, да пренесе дека без гаранции уставни измени нема да се случат, и дека Македонија очекува испорака на пресудите од Стразбур.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се прават национални отстапки и штети на државата, сe додека нема јасни и цврсти гаранции од ЕУ, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top