Македонија

Македонците не си ја продаваат душата за пари, зад нас останаа Италијани, Австријци, Данци…

Македонците покажуваат висока демократска отпорност

И покрај честите критики за политичка апатија и поларизација, граѓаните на Македонија демонстрираат една од највисоките нивоа на демократска отпорност во Европа, објави Институтот за демократија.

Според резултатите од престижниот европски проект ENCODE, 80% од македонските граѓани би одбиле паричен надомест за да потпишат петиција спротивна на нивните политички убедувања.

Овој процент е повисок од оној во Италија (79%), Австрија (78%) и Данска (77%), покажува истражувањето спроведено врз 4.550 испитаници во четири европски држави, од кои 581 во Македонија.

Бихејвиоралниот експеримент, презентиран во Скопје од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, покажа дека македонските граѓани се особено отпорни и на друг предлог – 78% одбиле да прифатат пари за да се воздржат од гласање.

Истражувачот Ананд Муругесан од Универзитетот во Виена истакна дека емоционално ангажираните граѓани (со гнев, анксиозност или надеж) покажуваат значително поголема отпорност кон „монетизација“ на своите демократски права.

Процентот кој е даден во оваа анкета е ист со процентот кој е даден и во анкетите за Македонците кои се противат на промена на уставот со цел влез на Бугарите во него.

Фото: Институт за демократија

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Македонија предводник во регионот, патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тошковски: Водата во Гостивар останува исклучиво за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи.

Уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести.

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски 20 години ја цица државата, тој е талог на општеството

СДСМ се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Андреј Жерновски, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Жерновски.

To top