Свет

Нов проблем за Украина – не собори ниту една од руските ракети „Циркон“

Не е пресретнат ниту еден од осумте лансирани хиперсонични проектили, констатира украинскиот воен експерт Романенко

Украинскиот воен и воздухопловен експерт Валериј Романенко ја идентификуваше руската хиперсонична ракета 3M22 Циркон како нова голема закана од воздухот, особено по првиот масовен напад извршен врз Украина извршен со нив.

„Ако соборуваме една третина од ‘Искандерите’, тогаш од 8 лансирани ‘Циркони’, ниту еден не е пресретнат. Се појави нов проблем за нас“, констатира Романенко.

Медиумите цитираат податоци од Главната разузнавачка дирекција на Украина, според кои Русија акумулирала над 200 од овие ракети. Бројките за месечното производство варираат од 3 до 10 единици.

„Цирконите“ се хиперсонични ракети кои, за разлика од хиперсоничните ракети „Кинжал“ лансирани од воздух, можат да бидат истрелани и од копнени лансери, што ги прави подготовките за лансирање помалку забележливи од страна на украинскиот систем за воздушна одбрана.

Боевата глава на „Циркон“ не е поголема од 150 кг, односно три пати е помала од онаа на „Искандер-М“.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

To top