Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески по една година повторно го актуелизираше прашањето за законски измени со кои ќе им се овозможат механизми за ограничување на банкарските провизии и подобра заштита на корисниците на платежните услуги. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Славески вели дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат граѓаните и компаниите, па оттука прашањето за висината на надоместоците заслужува поширока јавна и институционална дебата.
Народната банка без директна надлежност
- „Народната банка во моментов нема законска надлежност директно да ги регулира провизиите што ги наплаќаат банките. Сепак, актуелните случувања укажуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за дополнување на законската рамка, по примерот на повеќе европски земји“, истакна Славески.
Тој додава дека во значителен број европски држави постојат механизми за ограничување на банкарските трошоци, кои обезбедуваат фер и предвидливи услови за граѓаните и компаниите.
Повикот на Славески доаѓа откако неколку банки најавија зголемување на провизиите за услугите во платниот промет, што предизвика негативни реакции во јавноста. Особено загрижува што во повеќето случаи станува збор за двоцифрени процентуални зголемувања. Според гувернерот, во моментот не постојат оправдани економски причини за ваков потег.
Во објава на Икс, Славески вели дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат граѓаните и компаниите и затоа прашањето за висината на надоместоците заслужува поширока јавна и институционална дебата.
- „Народната банка во моментов нема законска надлежност директно да ги регулира надоместоците што ги наплаќаат банките. Сепак, актуелните случувања покажуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за дополнување на законската рамка, по примерот на повеќе европски земји каде што постојат механизми за заштита на корисниците и обезбедување фер и предвидливи услови за користење на платежните услуги“, пишува Славески.