Македонија

Седумнаесет животи повеќе во првите пет месеци годинава благодарејќи на „Безбеден град“

Тошковски загрижен што од 12 загинати во сообраќајки во мај петмина се мотоциклисти, а тројца од нив возеле без кацига

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посочи системот за набљудување и регистрирање сообраќајни прекршоци со камери „Безбеден град“ како најзаслужен за намалувањето на бројот на жртви за 17 во првите пет месеци годинава во споредба со истиот период лани.

Гостувајќи во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ, тој истакна дека од јануари до мај 2026 година во сообраќајни несреќи загинале 39 лица, а во истиот период минатата година 56.

„Тоа се 17 човечки животи повеќе“, нагласи тој.

Според министерот, за целосните ефекти од системот ќе биде потребно повеќе време, но најави дека полицијата ќе продолжи со засилени контроли и строги санкции за возачите кои грубо ги прекршуваат сообраќајните правила.

Тој изрази и загриженост поради тоа што од вкупно 12 жртви во сообраќајот во текот на минатиот месец, пет биле мотоциклисти.

„За тројца од загинатите сум сигурен дека не носеле заштитна кацига. Апелирам до сите мотоциклисти секогаш да носат кацига. Таа не се носи заради другиот, туку заради сопствената безбедност и може да спаси живот“, истакна Тошковски.

Тошковски најави и дека наскоро ќе почне поефикасно санкционирање на прекршоците направени од возила со странски регистарски таблички.

„Камерите ги регистрираат и странските таблички. Тие се дел од системот и ќе бидат предмет на казнување. Во наредниот месец јавноста ќе ги види првите конкретни чекори во тој правец“, најави тој.

 

Најнови вести од: Македонија

Дали гостиварци пиеја деновиве вода, загадена и со фекални води, вбризгувани со пумпите во водоводот?! – Фекални бактерии пронајдени во два испитани примерока!

Според неофицијални информации, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.

Мицкоски: Повторно лоша вест за опозицијата, нема да банкротираме ниту оваа година!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции и начинот на кој, и покрај предизвиците и надворешните фактори, ја консолидираат македонската економија. Тој Верува дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од целата работа.

Полицијата ги уапси директорката на гостиварски „Комуналец“ Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши!

Започнува расплетот на ситуацијата околу случувањата со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод и кој е сѐ виновен и одговорен околу тоа и заболувањето илјадници граѓани, кои ја пиеја загадената вода!

To top