Македонија

Мицкоски: Македонија за првпат од осамостојувањето избрана во едно од водечките тела на ОН со 174 гласа

За првпат од осамостојувањето е избрана за членка на едно од водечките тела на Обединети нации

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Македонија за првпат од осамостојувањето е избрана за членка на едно од водечките тела на Обединети нации, оценувајќи го тоа како огромен успех за државата и македонската дипломатија.

Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски информираше дека на заседанието на ОН во Њујорк, државата е избрана за членка на Економски и социјален совет на Обединетите нации за периодот 2027–2029 година, со поддршка од 174 држави.

Според него, изборот претставува потврда дека државата може да постигнува резултати кога работи плански, сериозно и со јасна дипломатска цел, како и признание за активната дипломатија и довербата што Македонија ја гради со своите меѓународни партнери.

Мицкоски потсети дека во изминатиот период Македонија стана членка на Совет за човекови права на Обединетите нации, како и на Организација за забрана на хемиското оружје, оценувајќи дека изборот во ЕКОСОК е продолжение на позитивниот тренд и доказ за сè посилното и повидливо присуство на државата во меѓународните организации.

„Нашата цел е Македонија да биде држава која не стои на маргините, туку активно учествува, гради партнерства и придонесува во решавањето на прашањата што се важни за граѓаните и за меѓународната заедница“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека успехот е резултат на работа, доверба и одговорен пристап, додавајќи дека Владата ќе продолжи да ја зајакнува позицијата на Македонија и да создава нови можности за државата на меѓународен план.

Најнови вести од: Македонија

Робот пречекуваше гости на настан за енергетска транзиција

Дигиталните технологии, автоматизацијата, анализата на податоци и вештачката интелигенција сет неопходен предуслов за модерен, ефикасен и отпорен енергетски систем, но најважни ресурси се луѓето и знаењето, порача министерката за енергетика, Сања Божиновска.

To top