Македонија

Партнер на СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за заморот за проширување во ЕУ

Дојде на гости на настан на СДСМ за да плука по ВМРО-ДПМНЕ а молчи дека Македонија го смени името без да почне преговори со ЕУ

Актуелниот генерален секретар на Партијата на европските социјалисти Џакомо Филибек кој е гостин на лидерот на СДСМ Венко Филипче на регионалниот партиски настан „Скопска иницијатива“ смета дака Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се виновни за тоа што во ЕУ постои замор од проширувањето и унијата цели 13 години не примила нова членка.

Филибек смета дека СДСМ на Филипче направила многу за Македонија и го трасирала патот на земјата во ЕУ.

Според генсекот на Европските социјалисти ЕУ нема никаква вина за блокираните евроинтеграции туку кривец е исклучиво ВМРО-ДПМНЕ.

,,Тука сум и со една јасна порака во однос на заморот што се чувствува во јавната дебата за интеграцијата на земјата во Европската Унија. Тој замор е последица на недостигот од политичка волја и решителност кај актуелната власт. Националистичката реторика што ја поттикнуваат не помага во процесот, туку дополнително ја збунува јавната дебата за европската иднина на државата”, вели Филибек кој не спомена дека Македонија го смени името и уставот цели 36 пати а не може воопшто да почне преговори.

Филибек му посака успех на Филипче на партискиот конгрес на СДСМ.

,,Партијата на европските социјалисти е целосно посветена на оваа цел. Ние стоиме заедно со СДСМ, со Венко Филипче и со членовите на партијата, и им посакуваме успех на претстојниот конгрес”, порача Филибек за кого процесот на проширување не е само административна процедура или исполнување на формални услови туку тоа се и реформите кои не треба да се спроведуваат затоа што тоа го бара Брисел, туку затоа што тие го подобруваат животот на граѓаните и го прават општеството подобро и поправедно.

Најнови вести од: Македонија

Јовевски: Македонија е тргната од листата на МОТ, но се соочува со недостиг од над 10.000 работници и одлив на кадар

Македонија во последните две години бележи напредок во областа на социјалниот дијалог и е тргната од листа на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за земји кои треба дополнително да ги образложуваат состојбите поврзани со синдикалните права и колективното преговарање,

To top