Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит објавува дека бегалката Ива Михаилова која усмрти македонски граѓанин и избега во Бугарија не се лечи во болницата каде што наводно имало можност да се лекува.
Наместо во болница Михаилова е гостинка на подкаст каде што благо кажано кажува неточни работи.
И додека никој не соопштуваше официјална информација што се случува со лекувањето на Ива Михајлова во Пирогов во Софија кое таа тврдеше дека било итно и предложено од конзилиум, а докторот кој ја водел во Скопје негираше дека е така, обвинетата за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици се појави заедно со својот адвокат на подкастот кај Мартин Карбовски, бугарски новинар, пишува Илиевски.
,,Јас пред една недела се обратив и официјално до Пирогов, но немаше никаков одговор на прашањата дали Ива е во ризик за инвалидитет, дали ја оперирале итн.
И, пред неколку часа се појави на подкаст. Зборуваше сенешто, новитети се изјавите дека обвинителот ќе ја пуштел на слобода ако не била Бугарка, па и барал пари за условна казна, па во Македонија 24/7 се зборувало само за бугари татари итн итн. Нема да коментирам ништо одвишок сега, само ќе пренесам што се зборуваше, за да не мора да слушате 40 минути.
“, објави новинарот познат и како Бетмен Велит.
Дел од лажните тези на Михаилова:
-Ме држеа незаконски во Македонија година дена со обвинителен предлог
-имав неопходност од лечење во Бугарија бидејќи не се специјализирани за тоа во Македонија
-мајсторите кои правеле реновирање на вилата на Муцунски биле од него заштитувани, влегле во нејзината лента и ја предизвикале сообраќајката
-во моментот кога се декларирала за Бугарка во судот, судијата реагирал и ги превртувал очите и од тој момент се се променило, судот станал инквизиција кој сакал не само да ја затвори туку и да има нарушено здравје, да гние во Македонија
-била бугарка со бугарски корени, сите претци и биле Бугари
-Македонците не ја сакаат бугарската шега „кога ќе избањаш Македонец, се покажува чист Бугарин“
-конзилиум од најдобрите невролози во државната болница и рекол дека треба да се лекува надвор
-обвинителот лично и рекол дека ако била србинка, ќе било поинаку, немало да ја држат, ќе ја пуштеле
-обвинителот имал дете повредено во пожарот во Пулс и кога дознал дека детето му е испратено за Бугарија со брза помош, влегол во кола, ги запрел и го земал детето за да не оди да се лекува во Бугарија, а потоа било испратено на лекување во Србија
-„бугарофоб“ била најучтивата квалификација која можела да се каже за обвинителот
-Водителот: „Немаше да имаш проблеми ако кажеше дека си македонка, така?“ Ива: „Не можам да лажам…“
-Адвокатот: Луѓето во Македонија се зомбифицирани од утро до мрак со пропаганда на сите радија, телевизии и коментари, се зборува само за Бугарите татари и како по должност им била да се студени кон Бугарите, но навечер кога ќе седнеле на пијачка со адвокатот сите му признавале дека биле Бугари
-400-500 луѓе во Македонија биле инструирани да го водат народот во таква кампања против Бугарите
-тие (водачите) имале еден услов за сите наследници кои ќе си ги бираат, а тоа е да се мрази Бугарија
-Ива: Мицкоски лично финансирал 90 посто од медиумите во Македонија само за да шират омраза кон Бугарија и Бугарите
-на сите медиуми се пишувало само лошо за Бугарите, а таа немала видено во Бугарија да се пишува нешто лошо за Македонците
-судењето намерно било во мала сала со многу луѓе, не проветрувале… имало 40 луѓе во соба за 10 луѓе, судијата ги затворал прозорите и биле без воздух по 12 часа таму, а обвинителот му диктирал на судијата што да пишува
-Карбовски: тоа е една од причините поради која им кажуваме на Македонците дека не сакаме таква држава во ЕУ
-обвинителот лично стапил во контакт со нив и и предложил т.е. барал пари за полесна пресуда (да не оди во затвор), да добие условно. неколку секунди потоа вели дека преку трет човек им понудил
-им се мешаат тезите потоа, дали е обвинета поради корупција во судство или дека е бугарка
-секојдневно Муцунски, Тошковски давале изјави дека Бугарија криела само криминалци
-согласна била никогаш повеќе да не се врати во Македонија
-ми претстои доста долго лекување вели, не сум многу добро. Карбовски: Во Пирогов? Одговор: И во друга болница исто така…
-Адвокатот додава: За жал ќе мора во странство да се доврши лечењето
-постојано имало цивилки пред нејзиниот дом во Кочани, по двајца секогаш, не 24/7 ама поголем дел од времето
-ја следеле секогаш кога движела низ град, ја снимале
-кога седела во кафана со бугарски пратеници карши неа имало агенти на АНБ
-дискриминирана била, сведоци биле бугарските пратеници
-сигурни биле дека ќе има и други вакви случаи бидејќи режимот бил на заминување и ова било начин преку очајни ПР дејства да добијат поени
-зборат и за германскиот пример да не екстрадира граѓанин кај нас „поради сомнителен начин на собирање докази“
-Ива не се чувствува како престапник, ама да си Бугарин во Македонија било престап за Македонците
-Србите ги управуваат Македонците, дел се од српскиот свет, Македонија и Србија бегаат од Европа
-Ќе се мажела во Бугарија, не во Македонија. Бугарија била нејзиниот дом и имало повесели свадби, бирала бугарски маж пред македонски маж
-адвокатот до Муцунски – на лагата и се кратки нозете. И на Тошковски и на Мицкоски истото им го порачува
-обраќање на водителот кон гласачите во Македонија, да пазат малку повеќе, бидејќи никој не ги мразел во Бугарија
-Ива сакала да бидат Бугарите браќа со Македонците, ама Македонците не сакале и го покажувале тоа секојдневно
-адвокатот се заблагодари на сите претставници на бугарските политички партии кои и дале сила и увереност на Ива да „ја одбере слободата“
-два месеци пред да избега за Бугарија македонските служби и упатувале пораки да се откажела од бугарското во неа, да прекинат изјавите за бугарските медиуми и ќе и било дозволено да се лекува во Бугарија ако се откажела од бугарското во неа
Во емисијата не се спомнало името на жртвата во сообраќајката.
Во емисијата не се спомнало ништо за тоа како Михаилова избегала во Бугарија.
Линк до видеото https://www.youtube.com/watch?v=1sT1Bt9KWfo