Македонија

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен

Сообраќајот на државните патишта низ земјава денес се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомобилскиот сојуз на Македонија им препорачува на возачите прилагодена брзина на движење, строго почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Особено треба да се внимава на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 април патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

Во тек се повеќе градежни активности што влијаат врз режимот на сообраќај. На автопатот А2, делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, воведен е времен режим поради санација на левиот коловоз.

Слична ситуација има и на делницата Гостивар – Кичево, каде се изведуваат работи на мост бр. 63 на река Тајмишка.

На регионалниот пат Р1201 Струга – Дебар воведен е времен режим поради реконструкција на инекционата завеса на брана „Глобочица“.

На автопатот А1 во делот Гевгелија – ГП Богородица сообраќајот е затворен во една насока и пренасочен на спротивната страна, а овој режим ќе трае до 15 април 2027 година.

Поради реконструкција на граничниот премин Делчево воведен е времен режим, но преминот функционира непрекинато.

Времени измени има и на мостот на река Брегалница во Штип, на делницата Косоврасти – Мелнички Мост, како и на правците Прилеп – Битола и Прилеп – Крушево – Сладуево, каде делови од патиштата се целосно затворени или сообраќајот е пренасочен.

На патниот правец ГП Блаце – Скопје и на делниците Кичево – Охрид сообраќајот се одвива со девијации. АМСМ апелира на строго почитување на поставената сигнализација и прилагодена брзина на движење.

Најнови вести од: Македонија

To top