Македонија

Меџити: Ќе изградиме Албанска библиотека над плоштадот „Скендербег“, заради читање, учење и културен развој

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека Општина Чаир ги започнува постапките за реализација на значаен културен проект – трансформација на просторот над плоштадот „Скендербег“ во Албанска библиотека. Како што е најавено, новата библиотека ќе биде современ простор наменет за ученици, студенти, истражувачи и сите граѓани, создавајќи нови можности за читање, учење, истражување и културен развој.

„Ќе ја изградиме Албанската библиотека. Ја започнуваме постапката за трансформација на просторот над плоштадот ‘Скендербег’ во современа библиотека, отворена за учениците, студентите и сите граѓани. Таа ќе биде дом на знаењето и културата во срцето на Чаир“, изјави Меџити.

Најавата беше дадена за време на прес-конференцијата по повод затворањето на Саемот на албанската книга во Скопје, каде градоначалникот Меџити ја претстави иницијативата за формирање на Албанска библиотека како „проект од особено значење за културниот и образовниот развој на заедницата“.

Најнови вести од: Македонија

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.

To top