Македонија

„Нетпрес“: Дали целта на проектот на СДСМ „Готови пари во џеп“ е нивните функционери да си ги наполнат џеповите како што правеа и кога беа на власт?!

„СДСМ ја претстави на својот 32-ри конгрес програмата со проект ‘Готови пари во џеп’. Но, дали целта на овој проект е нивните функционери да си ги наполнат своите џепови?!“  – прашува информативната агенција „Нетпрес“ во својот редакциски коментар „СДСМ во новата програма ветува ‘кеш во џеб’, дали тоа важи за нивните функционери?“.

Во својот коментар агенцијата пишува: „Сакаме даночен систем. Што не ‘краде’ од работникот.“ – стои во новата програма на СДСМ, која беше претставена на 32-от програмски конгрес.

СДСМ објаснува во неколку чекори како ќе воспостави систем , кој нема да краде од работникот. Велат: готови пари во џеп, оданочување луксуз, ќе се воведувал данок на огромни наследства, кој ќе ги земал како цел само најбогатите 1 процент и победниците на транзицијата. Анализирајќи ја нивната политика, предлогот „готови пари во џеп “, е политика, што ја сфатија дословно кога беа на власт. Прашањето е сега: дали овој проект е за да си ги наполнат нивните функционери џеповите?

Интересен е и фактот: како СДСМ одлучи да ги постави како цел ,„најбогатите 1 процент и победниците на транзицијата“, а не постави никакво друго ограничување? Но, добро е и граѓаните да ги потсетиме за времето на транзицијата кога беше СДСМ на власт. Дали СДСМ не сака да ги постави како цел свои сегашни и поранешни функционери, кои исто така спаѓаат во групата на најбогатите? – истакнува на крајот на својот коментар „Нетпрес“.

 

Најнови вести од: Македонија

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.

Мирка Гинова, симболoт на македонскиот идентитет и непокор во Егејска Македонија – 80 години од смртта

На денешен ден, на 26 јули 1946 година е стрелана Мирка Гинова, национален деец и борец за македонската кауза и слобода во Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. „Мирка Гинова била многу активна во организирањето на отпорот против особено жестокиот терор врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија, спроведуван од грчката десница и грчките државни органи. Секојдневно го организирала македонскиот народ. Со својата активност станала позната во цела Егејска Македонија, но и за грчката полиција, која поради тоа настојувала да ja убие.“ – пишуваат универзитетските професори-историчари д-р Лилјана Пановска и д-р Тодор Чепреганов во своја научна статија. Гинова е првата жена и Македонка, стрелана во Грција од политички причини. Посмртно е прогласена како народен херој од Македонија.

Мицкоски: Опозицијата шири хистерија, Владата остварува резултати – во рекорден рок решен проблемот во Гостивар

Политиката на опозицијата е да конструира лаги и да шират хистерија, а политика на Владата е да остварува резултати. Ние така и ќе продолжиме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

ВМРО ДПМНЕ: СДС им излегува пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани, кој е таму благодарение на нив

„СДС, како и секогаш, така и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус. Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здравјето на граѓаните е загрозено.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

To top